Јуве ја плаќа клаузулата за Нзонзи

од Vladimir Zorba

Раководството на Јувентус го обновиле својот интерес кон халфот на Севиља, Стивен Нзонзи. „Бјанконерите“ се подготвени да го привлечат Французинот во текот на летото, ако Емре Чан сепак одлучи да го обнови договорот со Ливерпул и преминувањето во италијанскиот гигант пропадне.

Како што пријави „Mundo Deportivo“, во договорот на Нзонзи има откупна клаузула во вредност од 30 милиони евра. Оваа сума сигурно нема да му отежни на Јувентус.

Изданието додава дека од Барселона исто така ја разгледувале опцијата да го привлечат 29-годишниот играч од средниот ред, но процениле дека цената му е премногу надуена.

Од почетокот на сезоната, Нзонзи одигра 20 натпревари во Ла Лига, но сè уште не постигнал гол.

Слични содржини