Шампионот на Италија Јувентус оставри убедлива победа од 4:0 против Џенова на синоќа одиграниот дуел од 33.коло.

„Јуве“ поведе со автоголот на Езикеил Муноз во 17.минута, а веќе во следната минута беше 2:0 го голот на Паоло Дибала. Третиот гол го постигна Марио Манџукиќ во 41.минута, а четвртиот гол го даде Леонардо Бонучи во 64.минута.

Резултати:

Сасуоло – Наполи 2:2,
Милан – Емполи 1:2,
Киево – Торино 1:3,
Лацио – Палермо 6:2,
Сампдорија – Кротоне 1:2,
Удинезе – Каљари 2:1,
Фиорентина – Интер 5:4 и Ж
Аталанта – Болоња 3:2.

Вечерва на програмата е натпреварот Пескара – Рома.

Табела: Јувентус 83 бодови, Рома 72, Наполи 71, Лацио 64, Аталанта 63, Милан 58, Интер 56, Фиорентина 55/МИА

Слични содржини