Кабинетот на Вучиќ: Србија не сака да се спои со Република Српска

од desk2

Властите во Србија не сакаат спојување со Република Српска, речено е за „Данас“ од кабинетот на претседателот Александар Вучиќ.

Од кабинетот на Вучиќ тоа го кажаа по изјавата на лидерот на Република Српска, Милорад Додик, кој во интервју за „Дојче веле“ исцрта мапа со неговата визија за Балканот, во која РС е споена со Србија, како и северот на Косово.

Како што велат, Србија е единствена пречка на отцепувањето на Република Српска и велат дека и самиот Додик го спомнува тоа во интервјуто.

Додик не пропушти БиХ уште еднаш да ја означи како „пропадната држава“ во која Србите не ја гледаат својата иднина па затоа таа не може да опстане. Тоа го смета за основа за своите „соништа“ за независност на Република Српска.

„Да имам еден промил шанса, јас тоа (референдумот за независност) би го одржал“, кажа Додик.

Коментирајќи ги предупредувањата дека тоа би предизвикало војна, вклучувајќи ги и таквите најави на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, Додик кажа дека со сила би одговорил на таквите обиди.

Слични содржини