Каде и како живеат рок бунтовниците

од Vladimir Zorba

Бунтовниците во рокот се меѓу најпосакуваните мажи. Но, освен со шарм, тие се одликуваат и со вкус во однос на своите домови. Може да бидете изненадени како некои од најпознатите луди глави се обложуваат на класиката во ентериерот, или пак се одмараат меѓу антиквитетите, пишува рускиот Elle.

Погледнете како живеат петмина од бунтовниците во светот на музиката.

Боб Дилан

Четирикатниот дом, во импозантна зграда во Харлем, изграден кон крајот на XIX век, е вклучен во листата на безбедни споменици на архитектурата, но зазема и особено место во историјата на музиката. Во овој дом 14 години живеел Боб Дилан – Нобелов лауреат и човек, чие влијание врз музичката култура на XX век е исклучително големо.

Пет спални, две бањи, огромна кујна, со апарати во последен стил на техниката, оригинални дрвени елементи, камени портали – таа е вистинска “Куќа на изгрејсонцето”.

Ози Озборн

Фронтменот на Black Sabbath живее во предградие на Лос Анџелес, а неговиот дом обезбедува извонредна глетка кон градот и планината. Внатрешноста на шесте спални, десетте бањи, салата за вежбање, библиотеката, музичкото студио, домашната кино, базен и спа ентериерот, се дело на сопругата на Ози – Шерон и на дизајнерот Мартин Лоренс Булард. Тој е автор и на интересните решенија во домовите на Елтон Џон и Шер.

Иги Поп

Колку и да е чудно, еден од најпознатите ексцентричен рокери живее во многу класичен дом во Мајами. На позадината на мирни беж нијанси на ѕидовите и ќилимите, ефектни можат да се наречат само црвената постелка на каучот и уметничките дела. Но, домаќинот на куќата е толку харизматичен што да тврдиме дека овој дом е лишен од рок дух, нема како.

Мик Џегер

Во домот на Мик Џегер, во боемска област на Париз, рокот бил заменет со класика. Мебелот е од средината на XX век, употребени се антиквитети и артобекти – при креирањето на ентериерот за фронтменот на Rolling Stones, а важен е секој детаљ, вклучувајќи ги сложените нијанси на таваните и сводовите во неокласичен стил. Целата оваа стилска разновидност изгледа доволно спектакуларна, како во текот на денот, така и во текот на ноќта, поради системот на осветлување.

Пол Макартни

Пентхаусот во зграда од средината на минатиот век, се наоѓа во Менхетен, зазема цели три спрата. Огромните прозорци од подот до таванот, откриваат прекрасен поглед кон Централ парк.

Приватниот лифт, тераса, библиотека (без да ги сметаме неколкуте спални, гостинската и бањите) – ја претставуваат тврдината која сер Пол Макартни ја чува внимателно.

Слични содржини