Народната банка го демантира првиот човек на ЈП за државни патишта Зоран Китанов кој тврдеше дека
разликата меѓу денарското и девизното плаќање на патарините завршува кај централната банка. Од таму
негираат било каква вклученост во начинот на формирање на цената за патарините ниту пак во работењето на ЈП, јавува Телма.

„Народната банка нема никаква деловна релација со ЈП за државни патишта и произволната изјава дека НБРМ кога станува збор за железните кованици задржува 25-30 процетни е крајно нејасна конфузна. Следствено не станува збор дека НБРМ на јавното претпријатие му наплатува некаква провизија или му задржува некаков процентуален износ“, велат од НБРМ.

По ваквата реакција од ЈП дообјаснуваат дека цената на патарините во денари и евра е резултат на владина
одлука донесена во 2014 година. Разликата во цената велат од таму во еден дел е заради провизијата која ја земаат деловните банки со кои соработуваат и кои имаат обврска да ги собираат девизните монети од
патарините. Но никој не открива колкава е таа провизија а колку пари преостануваат за ЈП.

Дел од деловните банки пак објаснуваат дека имаат трошоци за собирање и авионски трансфер на кованите
пари до матичните странски банки кое може да чини и неколку илјади евра.

Најголема е разликата во цената на наплатната рампа Куманово – Миладиновце, износот на патарината за
домашните патници е 60 денари а за странските државјани е 1,5 евро. На истата патарина за возилата од втора категорија патарината е 80 денари или 2 евра. Речиси идентична пак е за патарината за возилата од прва категорија од Тетово – Гостивар 30 денари со половина евро.

Повеќе тука

Слични содржини