Измените во изборниот закони можат да бидат во корист на албанското гласачко тело во дијаспората. Според професорот Беким Кадриу, кој бил прашан од Алсат-М, од три изборни единци сега има една изборна единица и тоа е добра шанса за Албанец, пратеник од дијаспората.

0,,17562948_303,00
„Тоа значи дека сите гласаќи од дијаспората, нивните гласови се ставаат на едно место и се распределуваат пропорционално на сите кандидатски листи„.
Ова правило, според Кадриу позитивно ќе влијае на можноста да се избере најмалку еден кандидат  Албанец од дијаспората, затоа што се собираат гласовите на сите Албанци во Европа и САД. „Досега можеше да се избере пратеник само со минимални 300 до 500 гласови, но сега ќе бидат потребни меѓу 5.000 до 6.000 гласа„, објаснува Јадриу за Алсат-М

Слични содржини