Кадриу: Опструкцијата на УБК кон СЈО e преседан, но по се изгледа од тука ќе почне разрешницата за прислушкувањето

од Vladimir Zorba

Зачудува и е преседан во правниот систем да не се извршува судски налог од орган како УБК кој е дел од Министерството за внатрешни работи, вели универзитетскиот професор Осман Кадриу во изјава за Радио Слободна Европа.

kadriu_[1]

„Навистина претставува сериозна опструкција на работата на СЈО, а со тоа фактички се оневозможува обвинителството професионално, навремено да ги спроведува сите тие истраги и истражни дејствија со цел сите тие да добијат краен епилог“, вели тој.

 Од друга страна, додава Кадриу, кога вака се постапува, станува збор за ново кривично дело кое го прават одговорните во УБК, бидејќи не ја извршуваат судската наредба. Позадината може да претпоставуваме која е, но според него, таа ќе се утврди во понатамошната постапка.

„Но, она што навидум може да се заклучи е дека со овие докази што се бараат и што треба да ги анализира и спроведе СЈО по се изгледа дека ќе се утврди и ќе произлезе дека за сите овие да кажам законски или незаконски, неовластени прислушувања кои се извршени треба да се бараат виновниците внатре во самиот систем во самата институција и по се изгледа од тука ќе почне да се бара разрешницата и разрешувањето на овој комплексен правен проблем за државата“, вели тој.

Слични содржини