Неваир Шабани е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, а досегашниот, Фаредин Зенуни, замина на друга должност во Министерството за внатрешни работи. Кадровски промени се извршени и во други сектори во тетовската полиција.

policija-teteovo

Началник на одделението за криминалистичка полиција е Берат Мустафи, кој на ова место го замени Муазам Халили. Нов командир на полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово е Атанас Беќарски, додека негов заменик е Бесир Ќамили, а за заменик-командир на полициската станица Тетово поставен е Ацо Милошевски.

Старо-нов началник на одделението за полиција е Сашо Трајчевски, a на одделението на криминалистичко-разузнавачка анализа, Соња Николовска.

 

 

META

Слични содржини