Кај 73 годишен гостиварец пронајдени 580 грама кокаин

од Vladimir Zorba

starec

Министерството за внатрешни работи спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен 73 годишен жител на Гостивар.

Од страна на судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

„Инаку по преземените мерки и активности утвдено е дека пријавениот, од засега непознато лице-албански државјанин преземал наркотична дрога кокаин со намера истата да ја транспортира и предаде на лице во Австрија, со што би се стекнал со против правна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12ти-18ти месецов М.А. остварил средба со лицето во Гостивар, при што му била предадена патничка торба-црна боја во кој била сместена наркотичната дрога кокаин и 350 евра, а останатите 350 евра требало да му бидат дадени од лицето во Виена, по успешниот меѓународен транспорт“, информираат од МВР.

На 20.08.2016 година на граничниот премин Табановце на излез од Р.Македонија во автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена, од страна на полициски службеници и царински службеници од Царинската Управа, автобусот е селектиран за детална контрола и при претрес пронајдена е патничката торба на седиштето до пријавениот и во неа пронајдено е полиетиленско пакување со прашкаста материја, за што по извршени прирачни тестови утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин.

Пронајдената прашкаста материја е доставена до Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ заради понатамошно вештачење, при што од извршеното вештачење утврдено е дека се работи за наркотична дрога кокаин во количина од 580 грама.

Слични содржини