Баба М.С. (68) е уапсена под сомнение дека пакувала и продавала хероин во Ниш. Во нејзиниот стан, полицијата пронашла 19 пакети хероин со вкупна тежина од 890 грама, како четири вагички за прецизно мерење и одредено количество марихуана, соопшти полициката упрвата на тој град.

Полицијата уапси уште едно лице под сомнение дека продавал хероин, посочи полицијата.

Уапсениот З.М. (46) од Ниш, е под сомнение дека купувал и продавал хероин, а полицијата при претрес на домот на осомничениот пронајде осум грама хероин.

Осомничениот доби 48 часовен притвор, по што ќе бидат спроведен пред обвинител.

Слични содржини