Кај Мосул загинаа 70 ирачки војници

од Vladimir Zorba

Во самоубиствен напад источно од Мосул загинаа најмалку 70 ирачки војници.

mosul

Нападот се случил во близина на селото Билавет во акција на ирачката војска за ослободување на Мосул кој е под контрола на Исламска држава.

Бомбашот самоубиец најверојатно е член на терористичката организација.

Ирачкиот премиер Хајдер Абади во саботата соопшти дека започна операцијата за ослободување на Мосул, а во акцијата учествуваат 30.000 ирачки војници и 4.000 курдски сили./Мета

Слични содржини