Каја Гербер преморена до непрепознатливост

од Vladimir Zorba

Каја Гербер влегува смело во светот на модата, но очигледно тензиите околу новата професија се одразуваат на младата девојка.

Фотографите ја уловија 16-годишната ќерка на Синди Крафорд, уморна и со потечено лице и сенки под очите.

Каја е во Малибу, каде што одлучила да појадува со пријателите во кафе бар по интензивно утринско вежбање, вели ОК списанието.

Ќерката на Синди дебитираше на модната сцена на модната недела во Њујорк минатиот месец.

Врвниот модел коментираше за својот изглед како логичен процес. Според Синди, сосема е нормално Каја Гербер да ги следи нејзините чекори.

Слични содржини