Кајли Миног ќе го промени своето име

од Vladimir Zorba

Кајли Миног соопшти дека планира да го промени името со тоа што ќе го земе тоа на нејзиниот вереник Џошуа Сас. Австралиската пејачка го сподели тоа во интервју, цитирано од весникот “Хафингтон пост”. Во него таа наведува дека и покрај промената има намера да го остави и своето семејно презиме Миног.

“Сас е одлично име. Кајли Сас е одлично име “, вели таа. “Сигурно ќе го земам Сас, но сепак некаде ќе го има и Миног. “, додаде таа. Миног, која има 48 години, и 29-годишниот британски актер се заедно веќе 18 месеци.

Двајцата се верија во февруари минатата година. Во своето интервју пејачката вели дека за свршувачката го добила од Сас совршениот прстен. “Не сум таков тип девојка која ќе носи накит со крупен камен. Тој го купил совршениот прстен за мене. Го сакам. Сакам да го носам и го сакам она што го претставува “, изјави уште Кајли.

Сепак двојката не брза да поминува под венчилото. Тие одлучиле дека нема да го направат тоа додека истополовите бракови исто така не бидат дозволени во татковината на пејачката Австралија.

Слични содржини