Почетна / Магазин / Интима / Како да дознаете дали станува збор само за секс или љубов

Како да дознаете дали станува збор само за секс или љубов

Има суштинска разлика помеѓу сексот и љубовта . Многу луѓе не можат да ги разграничат двата концепти и ги мешаат. Мажите се плашат од љубовта. Често дури само мислата за љубовта и продлабочување на односите го потиснува либидото на мажот.

Од друга страна, сепак, дојде ли во канџите на љубовта, мажот е подготвен на сè за својата жена. По што да дознаете дека тој води љубов со вас, а не само секс?

Едноставна формула е: кога мажот е заљубен и води љубов , тој е подготвен да дава, да брани, да  ја цени омилената жена онаква каква што е.

Жените сакаат да добиваат, да бидат заштитени и да се чувствуваат сакани и ценети. Сексот без чувства е само забава, взаемно задоволство. Тој е нешто што доаѓа и си оди. При љубовта чувствата остануваат. Тие остануваат силни и не бледнеат брзо.

Љубовта значи да правите нешто заедно во тим, нешто што не би го правеле ако се потпирате само на сексот .
За разлика од тоа, при сексот е лесно – можете да го направите во секое време кога ќе побарате и како сакате. Потоа секој се справува со личните обврски и желби.

Вљубениот маж сепак веќе има друг пристап. Тој прави сè во името на својата сакана. Не само тоа – тој го прави заради неа, покрај својот непријатност.

Да бидеш во љубовен тим дава сосема поинакво чувство во двојката. Така си некако многу ранлив отколку ако работиш само за себе. Веќе имаш за кого да мислиш за кого да се грижиш, пред кого да го изразуваш стремежот кон заштита. Вљубениот маж го зрачи токму тоа.

Само еден вистински вљубен маж може да ви дозволи да го видите ранлив и емотивен, скршен или исплашен – како едно нормално човечко суштество.

Кај партнерите кои имаат само секс постојат социјални маски кои ги спречуваат да се почувствуваат овие состојби. Тие ставиле ѕид помеѓу личностите, претставувајќи се силни, страстни, имуни и слободни.

Истовремено паровите кои водат љубов, а не само секс, го прават со своето срце, не само со своето тело. Тие го вложуваат целото свое битие, емоции во овој интимен чин.

Затоа интимноста треба да се гледа како на нешто многу повеќе од сексот, нешто отаде него. Постигнувањето на давање и обелоденување пред другиот е суштината која со интимноста ја покажува љубовта на вашиот партнер. Со оваа прекрасна симбиоза сексот кој го правите ќе биде уште подобар. Љубовта и сексот се неверојатна комбинација која прави да чувствувате работи кои не сте ги чувствувале претходно.