Како да дознаете дали сте заљубени според хороскопскиот знак

од Vladimir Zorba

Ако сте навистина вљубени во партнерот, веројатно веќе тоа го знаете. А сепак, ако имате каков било сомнеж во темата, секогаш може да се дознае вистината ако го набљудувате своето однесување.

Секој знак се однесува различно и специфично, кога навистина го сака партнерот.

Еве како да се убедите конечно, дека станува збор за љубов, а не за занес, врз база на својот хороскопски знак:

Овен: Вие сакате или да се карате со дечкото, или да копнеете да имате секс со него

Овенот е првиот знак во зодијакот и на многу начини, луѓето родени под него да се однесуваат како мали деца. Кога еден Овен е заљубен, тој делува уште поимпулсивно. Тој или ќе крева скандали од љубомора на партнерот, или ќе го напаѓа сексуално.

Бик: Вие сакате да се исфалите со дечкото/девојката пред сите пријатели и дури пред далечните познаници

Знакот Бик е управуван од Венера – планетата на љубовта и парите. Кога еден Бик е заљубен, тој ќе сака да го покаже објектот на чувства на сите. Биковите се однесуваат малку покомерцијално кон својата сопственост и сметаат дека и нивната партнерка им “припаѓа”.

Близнаци: Не ви здодејува од дечкото/девојката, ама никако

Близнаците се знак, управуван од планетата на комуникациите и технологијата – Меркур. Со текот на времето овие луѓе почнуваат да се досадуваат од своите партнери. Само тие тешко го задржуваат вниманието на едно место и на еден човек. Кога се заљубени сепак, тие се вистински заинтригирани од партнерот и тоа за долго.

Рак: Сакате буквално да го задушите со љубов партнерот

Луѓето од знак Рак се управувани од Месечината, која се поврзува со мајката и домот. Кога еден Рак е навистина заљубен, тој добива длабока желба да се грижи и да го брани саканиот објект, како што мајка се грижи и го заштитува детето. Внимавајте да не го задушите партнер со ова однесување!

Лав: Подготвени сте да ги потрошите сите ваши пари за дечкото/девојката

Вљубениот Лав демонстрира гордо природна великодушност. Тој во царството започнува да го закопува својот среќен “избраник” со подароци, приврзаност и топли гестови на љубов. Во принцип Лавот не штеди пари за своите блиски, вклучувајќи пријатели и членови на семејството.

Девица: Вие сакате да бидете во 24-часовна услуга на партнерот

Ова звучи ужасно, но факт е дека кога една Девица ќе се вљуби, таа сака да му помага на партнерот во секојдневните практични прашања. Тоа може и да не е најромантичниот знак во Зодијакот, но Девицата навистина е многу корисна за луѓето кои ги сака, а тоа е важно во една врска.

Вага: Вие сакате да се создаде совршено, балансирано партнерство

Вљубените Ваги вложуваат труд да изградат една хармонична, стабилна и позитивна врска со своите сакани. Тие само сакаат нивните односи да се совршени и да одат по вода – без падови и драми, без скандали и тензија. Тоа е нивната главна мисија.

Скорпија: Вие започнувате да го избегнувате објектот на чувства

Интимноста е сложена за постигнување за луѓето родени под знакот на Скорпија, кои инаку се многу страстни  по природа. Кога човек од овој знак ќе се вљуби, тој го зема тоа многу сериозно. Поради тоа Скорпионот се плаши од тоа силно чувство и се обидува да го избегне, барем во почетокот, со тоа што ќе се изолира од партнерот.

Стрелец: Вие сакате да владеете со овој човек

Ако сте знак Стрелец, веднаш ќе дознаете дека сте вљубени во тоа што ќе сакате да го запалите својот омилен по сите ваши хобија. Вие сакате да го опфатите со својот ентузијазам. Нетрпеливи сте да го одведете на следното патување или да му подарите нова авантура.

Јарец: Вие сакате да го унапредите овој човек

Вљубениот Јарец веднаш стегнува сили да го зголеми социјалниот статус, угледот, образовните квалификации, нивото во кариерата, или да ги прошири перспективите и знаењето на објектот на чувствата. За разлика од претставниците на Рак кои се однесуваат мајчински кон најблиските, Јарците одговараат татковски.

Водолија: Вие го прогласување дечкото за “најдобар пријател”

Водолиите имаат многу познати, но малку вистински пријатели. Кога еден Водолија ќе се вљуби, тој се чувствува бескрајно, неисцрпно љубопитно кон објектот на чувствата. Првично тој смета дека го сака овој човек за свој пријател, но наскоро сфаќа дека чувствува кон него нешто многу подлабоко.

Риби: Вие губите врска со реалноста

Владеен од мистична планета Нептун, знакот Риби е романтичниот во Зодијакот. Вљубените Риби често губат врска со реалноста, што секогаш е во нивна полза. Тие едноставно се подготвени да поминат низ оган и вода, за човекот, кого го сметаат за посебен и ништо не може да ги запре.

Слични содржини