Не е важно каква диета следите, количината е навистина важна. Колку сепак е доволно? Кога пред вас стои порција шпагети или чоколадна вафли, можете ли да кажете НЕ, откако ќе голтнете половина?

Вистината е дека големината на порциите е строго индивидуална. И понекогаш во малите порции може да има два пати повеќе калории отколку во поголемите. Како да се храните здраво и да не внесувате непотребни калории. Видете ги советите на експертот за исхрана Џули Аптон, автор на книгата “Appetite for Health”.

1. Намалете ги зачините

Заменете го маслото со маслиново масло, ограничете ја солта (таа помага за задржување на течности), заборавете за мајонезот и другите висококалорични сосови – додадете само 2-3 лажички, а салатата вда стигне до 250-300 калории најмногу.

2. Не јадете “диететска” храна

Потрошувачката на нискокалорични и безглутенски производи е најлесниот начин да се прејадете. Истражување на универзитетот Корнуел покажува дека луѓето кои мислат дека се хранат со диететска храна голтаат до 28,4% повеќе калории од другите. Во меѓувреме многу од пакуваната диететска храни се сиромашни со хранливи состојки и не успева да ве засити. Резултатот е дека внесувате многу повеќе храна, бидејќи постојано сте гладни.

3. Наполнете половина од чинијата со зеленчук

Кога ставате храна во чинијата, следете едно правило: полнете половина чинија со зеленчук, една четвртина со протеини и една четвртина со скроб, советува Кети Ганс, автор на “The Small Change Diet”.

“Зеленчукот игра важна улога во големината на порциите. Ако тргнете нешто од неа како јаглехидрати или масти, треба да го замените со друго што ќе го спречи брзото огладнување. Зеленчукот зафаќа простор во чинијата, што доведува до “психолошка ситост”. А квалитетот на нивната содржина на влакна доведува до физичка ситост “, објаснува Ганс.

4. Кога треба да се обложувате на поголема чинија

Сигурно сте слушнале дека јадењето во мали порции може да ви помогне да ја прилагодите вашата тежина. Но понекогаш може да си дозволите и поголема чинија, особено кога ја полните со салата!

5. Пресечете ја храната пред да ја ставите во чинијата

Истражување на Универзитетот во Аризона покажува дека ако ја сечете храната, таа зазема повеќе простор во чинијата – пример ако иситните пилешко или го исечете компирот, порцијата ќе изгледа доста поголема.