Како да гласа дијаспората?

од desk4

Дијаспората и понатаму ќе учествува во процесот на гласање во Република Македонија,но ќе се регулираат и модифицираат досегашните модели, вели министерот Едмонд Адеми. Тој потенцира дека измени мора да има. Дијаспората да продолжи да гласа, но по нов начин со кој ќе се намалат огромните финансиски трошоци кои се правеле во минатото, информира ТВ24.

Околу 6 милиони евра се трошело за парламентарните избори во земјава, а само за тројца пратеници од дијапсората 3 милиони за ефект еднаков на нула вели Адеми.

„Идејата е дијаспората да гласа, но како што доликува и тежината на пратеникот оттука и од дијаспората да биде ист.“ – вели Адеми.

На последните избори и дел од иселениците се изјасниле дека немаат никаква корист од пратениците за кои изминатите години се излевале големи финансиски средства. Новиот начин на кој ќе гласа дијаспората во иднина ќе зависи исклучиво од реформите од планот 3-6-9 и измените во изборниот модел.

„Дали ќе биде една изборна или три изборни единици, а тоа се решава на политичко ниво“ – вели Адеми.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини