Облеката за време на тренингот е речиси толку важна како и самата физичка активност. Таа треба да е лесна, удобна, еластична и да не ја притиска кожата дополнително.f99791e05514c2890b7d1e688d685c71

Жените треба да се грижат за уште еден елемент – спортскиот градник / маичките кои обезбедуваат удобност на градите без да ги повредат.

Дамите често го превидуваат овој дел од облеката, но тоа може да доведе до болести и промена на обликот на градите.Истражување на Shock Absorber покажува дека една третина од претставничките на понежниот пол имаат тенденција да се откажат од физичкото оптоварување, само затоа што имаат неповолен градник.

За да немате вишок оправдувања за избегнување на спортот, еве и неколку совети на тоа каков тип на беби дол / градник треба да одберете. Стратегот д-р Јоана Скор го сподели следново:

1) Одберете еластично трико / памук, што не предизвикува алергија или непријатно триење на кожата.

2) Чашките треба да се широки и не само да ги подигнат градите, туку и да ги опфаќаат целите, па да немаат простор да се поместуваат при вежбите.

3) Долниот дел на спортскиот градник / маичките, треба да е под градите, а не да ги “пресекува”.

4) Препорачани се широките прерамки кои подобро се прилепуваат за телото и ја придржуваат цврсто облеката.

5) Важно е градникот / беби долот да нема метални или пластични елементи по себе, за да не провоцира црвенило при движење и триење.

Слични содржини