Првите 2-3 години по раѓањето на вашето бебе има многу први моменти. И додека во голема мера тие се поврзани со неговата мајка, бидејќи нивната врска се појавува уште додека е во стомакот,  важно е  да го почувствуваат и присуството и љубовта на татко си.9a07c3b5931860ab38fb2fe906d0c170

Мажите често се загрижени и под  стрес по појавата на своето дете и дури се плашат да го милуваат, бидејќи е премногу мало и се плашат да не му направат нешто. Овие стравови во секој случај се целосно неосновани, но се одговорни за создавање на една дистанца меѓу новороденчето и татко му.

Психолози и педијатри ги советуваат тазе татковците да не ги набљудуваат од далеку наследниците, туку да влезат активно во нивните животи и да создадат силна врска која само може да се развива со годините.Тоа воопшто не е тешко, па дури и нема да им го наруши вообичаеното секојдневие.

Како да создадете врска со своето бебе:

  1. Милувајте го! Сакајте го своето бебе, а тоа ќе обожава да биде во вашите раце. Младите татковци треба речиси рамноправно со мајките да ги допираат наследниците, да ги галат, да ги носат во раце. Контактот кожа со кожа е важен за да може бебето да се навикне на вашето присуство, со мирисот, со енергијата.
  2. Масирајте го! Масажата е исклучително пријатно искуство, како за големите, така и за малечките. Тоа им помага на бебињата да се опуштат и да заспијат побрзо. Важно е тоа да го правите многу нежно и со точните движења кои ќе ви ги покаже педијатар.
  3. Комуницирајте со него! Вашето новороденче може и да не ви одговара, но тоа не значи дека не ви го слуша гласот. Пејте му, читајте му, зборувајте му. Така ќе ги стимулирате сетилата и ќе го засилите односот меѓу себе.
  4. Туширајте го! Бањата е важна, бидејќи исто тера да се опуштите и да заспиете полесно Искуството е некако интимно и зближувачко, бидејќи често за вашето бебе е еден вид игра.
  5. Чувајте го бебето околу себе! Дури и да не го милувате, нека е во видното поле, во близина на вас. Тоа ќе се навикне на вашето присуство и ќе сте незаменлив дел од неговиот живот, Исто како неговата мајка.