Пролетта е време за диети, но уште поголема станува мотивацијата за слабеење, по големото прејадување околу велигденските празници.локално6

За жал една од најтешките работи околу секоја диета е нејзиното започнување. Ако до неодамна сте си каснувале пообилно, тогаш првите неколку дена, во кои ќе наметне ограничување ќе ви се видат како огромна пречка на патот за вашата фигура од соништата.

Токму во овие први денови организмот ќе има компулсивна желба да се храни и тоа претежно со калорични производи.

Ќе ви се јадат секакви слатки и солени (претежно пекарски) производи. За среќа, постојат неколку едноставни совети кои можат да ви помогнат во борбата со гладот, па да се држиме до својата цел. Еве ги и нив:

1. Оброци со протеини.

Еден од најдобрите начини да го ограничите апетитот е на секој оброк е да консумирате чисти протеини. Протеините ќе го одржуваат нивото на шеќер во крвта на норма и во целина ќе се чувствувате сити подолго време. Јадете ореви, јајца, ниско маслено сирење, јогурт, пилешко без кожа, риба и мисиркино месо. Само не заборавајте да ги консумирате во умерени количини.

2. Пратете го часовникот.

Ако правите интервали од 4-5 часа помеѓу оброците, вие всушност ќе мислите само за храна. Ќе престанете да се чувствувате гладни, ако јадете на 2-3 часа, но и по малку. Конзумирајте посни протеини, здрави јаглехидрати и изобилство од овошје и зеленчук.

3. Пијте повеќе течности.

Секогаш кога сте гладни пијте вода или свежо цеден сок и така ем ќе го држите телото хидрирано, ем ќе го потиснете гладот ​​привремено. Ставајте во водата лимон, лимета или портокал.

4. Џвакајте подолго.

Многу  анкети покажуваат дека продолженото џвакање на храната може да ви помогне да се стави гладот под контрола.

5. Мијте ги забите по секој оброк.

Ако миете забите по секој оброк, нема да ви се сака толку многу да јадете колачиња, чипс или други нездрави закуски – тоа е психолошки трик. Едноставно секој човек сака да ја чувствува устата свежа.

6. Движете се повеќе.

Најлесно ќе го одвлечете вниманието од храната ако се движите повеќе – спортувајте или одете пеш. Човек се чувствува најгладно кога се застојува на едно место и му е здодевно.

Слични содржини