Веќе е февруари – месецот на љубовта. Од почетокот вљубените парови почнуваат да се прашуваат како да го поминат празникот или како да го изненадат партнерот. Ќе ви дадеме неколку идеи, кои се релативно евтини и кои ќе остават незаборавен спомен на љубените!01619c64a664fedec1c0cbf3e1faecf2

Одете на спа викенд

Направете си спа викенд некаде само двајцата. Ако ви се чини скапо, искористете ги ваучерите за колективен шопинг. Тие се добра алтернатива на скапите спа локации.  Најдобро е дека оваа година Денот на вљубените паѓа точно во недела. Така ќе го искомбинирате празникот со патување и одмор што е повеќе од добро. b2bf52c9abcbaa710a43e6f1b720dbaa

Одведете го партнерот во планетариум или набљудувајте ги ѕвездите

Еден од поромантичните начини да го прославите празникот на Денот на вљубените е да го одведете партнерот на романтично попладне во нашиот планетариум. Ако немате можност да се организите, набавете си пренослив телескоп или двоглед со кои можете да ги покажете вашите омилени ѕвезди, ккои му ги посветувате. Романтично, нели?5ff767f273a00952feef982a7cc3c4f6

Колачи и слатки

Изненадете ја саканата или омилениотсо цел куп слатки искушенија. Запалете свеќи насекаде низ станот.

 Направете си пикник дома

Во февруари времето не е особено погодно за пикник, иако температурите надвор веќе одамна не се толку застрашувачки, какви што беа во јануари.  Затоа направете си пикник дома во дневната соба . Намалете го светлото, наредете ароматични свеќи наоколу, постелете меко ќебе на средината на просторијата. Згответе нешто вкусно што тој го обожава и каснете полулегнати на земјата.  Тоа е повеќе од романтично искуство кое гарантирано ќе ви се допадне и ќе ве натера да се запамети овој Ден на вљубените.a4e65e4b996fcde029caad6f3aa1e7ae

Ноќ на игрите

Ако сакате да не само да го прославите овој Ден на вљубените со партнерот, но и да го разгорите пламенот на страста во љубовната неделна ноќ, измислете си секси игри кои ќе ги играте двајцата. Ова е одличен начин да го прославите празникот, а и да блеска расположението на максимум. Којзнае – може да научите нешто ново за себе!

Одете на вечера

Традиционално, но пак испитано. Вечера за двајца на Денот на вљубените е одличен начин да го избегате помалку од бурното секојдневие и да се посветите еден на друг за празникот. Покрај тоа, да се напиете чаша вино и да го прославите и нашиот домашен празник, Св. Трифун.

Слични содржини