Често сме им завидувале на мајките за тоа што се големи. Можат да одат каде сакаат, да седат колку време сакаат и секогаш се чини дека ги носат најправилните одлуки.d0261719fe984b04d0cbc45589989df6

Ако има нешто што доаѓа со возраста, тогаш дефинитивно е животното искуство и подмладувањето. За жал, не само тоа.

Кон сето ова додадете и мали брчки, промена на контурата и потешко одржување на кожата. Младата кожа не е невозможна за постигнување, а стареењето може да биде одложено. Откако ви ја презентиравме првата серија на совети за забавување на стареењето, еве ја и втората:

1. Навлажнување

Најризичен тип на кожа за стареење е сувата. Дури и да сте со нормална, комбинирана или мрсна кожа, не заборавајте да ја навлажнувате редовно.Создадете си навика да нанесувате секој ден барем наутро и навечер соодветен крем за лице и лосион за тело. На овој начин ќе останете на нивото на влажност и ќе се радувате на хидрирана и цврста кожа.

2. Пијте вода

По навлажнувањето секогаш доаѓа ред на хидрирањето. Тоа значи да пиете доволно вода и консумирате овошје. Намалете колку што е можно повеќе на преработената храна и готови јадења. Вие сте навистина тоа со што се храните … не сакате вашата кожа да стане како чипс, нели?

3. Леснотија

Под “леснотија” имаме предвид да ја оставите кожата да подише и да се порадува малку на трендот за природна убавина, но во буквална смисла. Оставете го лицето барем два дена во неделата целосно без какви и да е производи. Исчистете го добро и нанесете само хидратантен крем.

4. Спијте на грб

Позицијата при спиење е клучна за забавување на стареењето и тоа дефинитивно не е шега. Ако имате можност, спијте на грб, бидејќи на тој начин се избегнува директен притисок на различните материјали на постелнината и навлаки на нежната кожа на лицето. Во случај да не може да се справите со оваа задача, барем инвестирајте во навлаки од сатен, бидејќи кај нив триењето е значително помало.

5. Без стрес

Избегнувајте го стресот со сите можни средства. Освен што ќе се чувствувате емотивно подобро, тоа ќе се одрази и на предвременото стареење. За да изгледате помлади, редуцирајте ги преморот и преоптовареноста. Најдете хоби што ќе ви носи позитивни емоции и практикувајте го барем два пати неделно.

6. Ангажирајте го вашиот ум

Тоа може да звучи контрадикторно на советот да се одморате, но воопшто не е така. Под ова да го ангажирате умот имаме предвид да се занесете во пријатна атмосфера, омилениот филм или дури и учење на нов јазик, да кажеме. Што ви дава задоволство – едноставно не оставајте умот да застари.

Слични содржини