Како да изберете најдобро месо за 1.мај?

од Vladimir Zorba

Месарот ја открива тајната како да ги откриете добрите ќебапи


Сигурно безброј пати ви се случило да купите навидум убаво црвено месо, а кога ќе го зготвите да биде жилаво и тврдо
Да се пронајде добро парче месо во секоја смисла станало рамно на добивка на лотарија, особено во големите продажни центри.

 

Како да се избере свинско месо
Свинското месо најчесто се купува, а еве како да го одберете:
Свежиот свински бут има:
1. Здрава розева боја
2. Мека и светла кожа
Ако кожата е цврста и со жолта боја, а месото темно, тогаш свинското е старо!

Како да се избере јунешко
Сигурно безброј пати ви се случило да купите навидум убаво црвено месо, а кога ќе го приготвите да биде жилаво и тврдо.
-Тоа најчесто се случува кога е јунешкото во прашање. Може да биде и свежо, но тврдоста и жилавоста на месото зависат од многу фактори, а меѓу главните е потеклото на месото и делот кој го купувате. Најмекиот дел е капакот, јунешката потплешка и вратот.
-Јунешкиот бут е навидум убав, но повеќе е за варење, знае да биде тврд.
Бифтекот е најквалитетно парче јунешко или говедско месо кое често се користи за скара, а пред се треба да е со посветла боја и цврсто. Ако е со сива боја и полн со вода, веројатно било смрзнато.

Како да изберете ќебапи
1. Да имаат убава розева боја
2. Не смеат да бидат влажни
3. Ако мирисот не ви се допаѓа, не купувајте
– Никогаш не можете да бидете сигурни што се крие зад меленото месо, а тоа воглавно се остатоци, неретко и отпад.
Како да одберете добро пилешко
1.Има нормален мирис
2. Има светла боја, највеќе розева
3. Не смее да биде темно околу коските, бидејќи тоа значи дека е старо.
Зеленикавата боја, непријатниот мирис и премногу мекото месо се исто така сигурни знаци дека станува збор за старо и неквалитетно месо.

Како да одберете добро телешко
Телешкото спаѓа во деликатес од месните производи
1. Месото мора да биде со светла боја
2. Цврсто е , не е многу меко
3. Помирисајте го парчето, ако мириса на свежо месо, купете го
Вашна информација:Иако темната боја воглавно укажува на тоа дека месото е старо, во слушај на телешкото, не мора да значи дека тоа е во прашање.
– Познато е дека телешкото е многу осетливо и различно реагира во допир со околината, па понекогаш може да поприми боја од подлогата, што не значи дека е расиапно

Слични содржини