Како да ослабете за еден месец

од Vladimir Zorba

Кога станува збор за диета, еден месец е доволно долг период за да видливо ослабете. Без разлика дали сакате да намалите килограми, да влезете во форма или едноставно за ги тонусирате мускулите пред некој важен настан, триесет дена се повеќе од доволни за да ги промените некои работи и да се чувствувате подобро. Едноставно следете ги овие чекори:

 

Изберете тип на диета
Речиси сите диети се вклопуваат во временската рамка која во случајов е еден месец. Некои од нив се наменети за подолг период, но вие ќе постигнете некаков почетен резултат кој, што е најважно, ќе се гледа. Има толку информации за различните видови диети, само треба да се најде вистинската за вас.

Истражете ги варијантите
Бидејќи имате само четири недели на располагање, многу е важно да проучите како стојат работите и да се подготвите однапред. Откако ќе ги имате сите информации и производи за исхрана, вашите напори нема да одат залудно. Ако на пример земате какви било лекови, билки или други слични производи, набави си го потребното количество за цел месец. Ако диетата ви препорачува да избегнувате јаглехидрати, лоцирајте доволен број рецепти и листа на храна која треба да ги земате. Подгответе се однапред, уште пред да почнете диетата.
Диетата
Речиси сите диети се базираат на самиот оброк. Некои од нив се насочени кон ограничување на одредени групи на храна, а други бараат промена во режимот на исхрана. При вториот вид е поважно не токму она што јадеш, туку начинот на кој се храниш.
Ослободи се од лошите навики
Се тврди дека 30 дена се доволно време човек да се откаже од штетните навики. Кога станува збор за навиките поврзани со исхраната, диетата е совршен начин да се постигне ова.

Големината на чинијата
Ако имате проблем со прејадување, размислете за големината на порциите и поконкретно на чинијата во којашто сервирате храна. Кога јадете од помала чинија, визуелно ќе ви се чини дека јадењето е повеќе. Употребата на мали вилушки и лажици има истиот ефект. Сé сведува на размислување.

Физичка активност
Секоја диета треба да се комбинира со вежбање и физичка активност. Ако не ги сакате фитнесот и вежбите, можете едноставно до одите да трчате или да шетате. Обидете се да најдете некој пријател или познаник, со кој ќе вежбате заедно. Така многу потешко ќе се вратите на старата килажа.

Слични содржини