Додека козметичката индустрија го наметнува трендот за мажи со бради и долги коси, кренати во  пунџа, некои жени се уште ги преферираат посилните половини уредно избричени.dbaddd0d20b7317c4df8be07c72602b1

Мазната кожа на лицето често се испоставува како тешка задача не само од  технички причини, но и поради бројните случаи во кои кожата поцрвенува.

Иритација, болка по нанесување на производ по бричење и воспалување не се туѓи на секој маж, кој го фаќа цврсто жилетот.

Ако и вие се држите до стилот на лице без брада, ви претставуваме неколку корисни совети кои ќе ја направат постапката побрза и попријатна отколку болна.

Смирете го лицете

Пред да почнете да се бричите, исчистете го добро лицето со млака вода.Избегнувајте ги високите температури, бидејќи тие можат да ја исушат дополнително кожата и да се јават како предуслов за иритација. Другиот проблем на премногу топлата вода е дека може да се појават мали крвни садови во близина на површината, кои ќе се гледаат со голо око.

Почекајте

Обично непосредно по спиење лицето е значително потечено и подуено. Токму од оваа причина, ако сакате да избегнете исекотини, почекајте најмалку 10 минути пред да се избричите. На овој начин ќе имате рамна површина, подготвена за постапката.

Одмор

Треба да имате најмалку еден ден во неделата, во кој не се бричите. На овој начин ќе ѝ се овозможи на кожата да се одморат. Следниот пат, во кој ќе посегнете кон жилет, ќе имате подобри резултати.

Движење

Кога нанесувате гел или пена за бричење со прстите масирајте со кружни движења. Брадата расте во неколку различни правци и со овој начин на нанесување на производот го  намалувате ризикот од испуштање на зона. Покрај тоа, на овој начин ќе се “подигнат” сите влакненца и ја подготвувате кожата за бричење.

Напор

Мажите често мислат дека ако го притиснат повеќе бричот кон своето лице, ќе се избричат подобро. Модерните алатки за бричење функционираат ефективно и без напор. Од оваа причина, ако не сакате да предизвикате иритација или црвенило, концентрирајте се да ги опфатите зоните, а не да користите повеќе сила.