Како да се направи бекап на животот на Земјата во случај на планетарна апокалипса?

од Vladimir Zorba

Постојат десет астероиди за кои НАСА неодамна потврди дека имаат потенцијалн да станат опасни за Земјата, ако се земат предвид нивните димензии и орбитит во Сончевиот систем. НАСА идентификуваше 693 објекти во релативна близина на Земјата благодарение на вселенскиот брод WFISE кој бара потенцијални закани за нас од 2013 година.

НАСА не прецизира во детали каква точно опасност може да претставуваат овие астероиди за Земјата. Но, во минатото планетата била соочена со вселенски објекти, како некои од ударите кои биле со катастрофални ефект. Научниците се обединија околу тезата дека катастрофален судир со астероид или комета е еден од клучнните настани или серија на настани кои ги избришаа диносаурусите од Земјата пред околу 60 милиони години.

Секоја година неколку непознати астероиди поминаа покрај нас, а понекогаш само неколку дена пред да се добијат информации. Оваа година на пример два од нив поминале многу блиску до Земјата, како еден е прелетал на само 15 000 километри. По вселенските стандарди тоа е исклучително блиску.

Човештвото предриело мерки за зачувување на животот на Земјата, дури и по евентуален планетарен апокалипса. Од 1970 година на различни места се појавија и т.н. земни сефови кои чуваат семиња од растенија од целата планета.

Покрај тоа, постојат сефови кои чуваат биолошки материјали од животни и различни организми, кои се нарекуваат на жаргон “замрзнати зоолошки градини.” Тие чуваат ембриони, јајце клетки, спермата и ДНК главно од загрозени животни. Некој ден најверојатно ќе се појави и сеф, кој ќе го зачува биолошкиот материјал од човекот.

Слични содржини