Додека сириските бунтовници се подложени на бесни бомбардирања по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, во Вашингтон претседателот Барак Обама, исто така, се соочува со канонада.

4b4de27ef0a08792da53613be76a2733
Критичарите велат дека недостатокот на реакција на Обама на воздушната операција на Путин го тераат Обама да изгледа “слаб” во споредба со рускиот претседател. Други велат дека САД “надежност” во Сирија е во прашање и дека сега САД треба да “употреба разубедувачки мерки” против Русија. Поранешниот советник за национална безбедност Збигњев Бжежински дури вели дека бидејќи руските сили во Сирија се “географски ранливи”, тие можат да бидат “разоружани”, без да објасни како.

Факт е дека секоја ескалација би била опасна по дефиниција и од сомнителна корист за САД.
Како за почеток, никој од критичарите на Обама не објаснува како активностите на Путин во Сирија ја загрозуваат американската “сигурност” или да ја доведе во праѓање нејзината позиција спрема Русија. Во овој случај да се ризикува сигурноста значи дека ако САД не контрира на некој противник на едно место, овој противник ќе биде во искушение да ги загрози поважни американски интереси на друго место. Таква беше логиката зад Виетнамската војна, каде пролеаната крв и потрошените средства на САД имаа за цел да ги смират партнерите од НАТО дека Вашингтон ќе ги заштити од советски напад во Европа.

Оваа логика беше погрешна тогаш и е погрешна сега. Путин не ги загрозува американски сојузници како Израел или земјите од Заливот, ниту пак изгледа подготвен да ризикува со сериозна воена конфронтација со НАТО сојузниците на Америка. Всушност САД веќе најавија планови за распоредување на стотици тенкови и друга техника во балтичките земји, а генералниот секретар на НАТО вели дека “се имплементира најголемо зајакнување на колективната заштита од крајот на Втората светска војна” и дека “НАТО е на место, НАТО е подготвен “.

Путин може да е тежок карактер, но не е луд и нема докази дека внимателноста на САД во Сирија ќе ги примамат Русите да удрат по американски објекти во други делови на светот.

Покрај тоа, оние кои се залагаат за енергичен одговор на кампањата на Путин во Сирија пропуштаат еден клучен факт: дури Обама да одобри ескалација во Сирија, тој се соочува со низа на политички избори, кои одат од лошо кон уште полошо. Пример сенатор Џон Мекејн го повикува Обама да им достави на сириските бунтовници проектили земја-воздух, способни да соборат руски авиони. Тој не го зема предвид фактот дека нејзините “умерени” бунтовници често соработуваат со сирискиот огранок на Ал Каеда. Бидејќи ракетите земја-воздух можат да соборат граѓански авиони, како што Ал Каеда за малку не направи во минатото, идејата на Мекејн е рецепт за катастрофа.

Друга опција за Обама е да го ревидира вооружувањето на Киев со американска воена техника за милијарди долари. Тешко е да се види како тоа би ја натерало Русија да отстапи во Сирија, а оваа идеја исто не пресметува како би реагирал Путин. Како што со причина заклучува Обама, Путин најверојатно би реагирал со зголемување на руската поддршка за сепаратистите, при што една веќе лошата ситуација ќе стане уште полоша. Каква смисла има да се распламтува пламенот во Украина ако тоа не реши ништо во Сирија?

Конечно, самата концепција за “разоружување” на руските воени средства во Сирија со воена сила се наоѓа на скала некаде помеѓу лудилото и самоубиството. Русија речиси сигурно би одговорила со удари по американски или НАТО воени сили, можеби во Источна Европа, па освен ако на Обама ненадејно посакува да започне Третата светска војна, ова е идеја која претседателот мирно може да го игнорира.

Ништо од горенаведеното не значи дека САД треба да се спротистави на воената кампања на Путин во Сирија, но тоа покажува дека Обама е во право да реагира претпазливо. Претседателот сепак може да преземе некои чекори, само не и такви кои би ги задоволиле приврзаниците на ескалацијата во Вашингтон.

Прво, Белата куќа не треба да се држи постојано како да е дојден крајот на светот секој пат кога Путин прави нешто не вкусно. Освен што поддржува долгогодишниот сојузник на Русија Башар Асад, сириската кампања на Путин му овозможува и да ја провоцира Америка. Најсоодветно е да се одговори смирено, а не хистерично.

Воената моќ на Русија е неспоредливо помала од онаа на Советскиот Сојуз и преувеличувањето на руската сила е безвредна. Всушност, ако Русија заглави подлабоко во сириското блато, особено ако трупите претрпат загуби, Путин може да зажали за сирискиот потег. За среќа овој тип на однесување се вклопува одлично на стилот на Обама на зачувување на самодовербата . На својата неодамнешната прес-конференција претседателот истакна дека со акцијата во Сирија Путин покажал слабост, а не сила. Би било одлично доколку и другите во Вашингтон земат пример од Обама.

Второ, Обама треба да се погрижи Пентагон да продолжи со политиката на “избегнување на конфликт” при руско-американските воздушни операции во Сирија. Ненамерен судир меѓу американски и руски сили не само може да предизвика непредвидливи воени последици, туку и ќе му овозможи на Путин да го покачи степенот на реториката што целосно одговара на неговата желба да собере поддршка дома преку агресивна конфронтација со САД.

Конечно, Обама треба да ги интензивира напорите за изнаоѓање на решение кое ќе стави крај на крвопролевањето во Сирија. Една важна идеја е да се реплицира стратегијата со групата 5 + 1, која функционираше толку добро кај иранските преговори. Оваа стратегија бара да се земат предвид интересите на сите засегнати страни во Сирија, вклучувајќи и на Иранците. Обама ќе мора да престане да врши притисок за напуштање на Асад како предуслов за успешни преговори, но оваа цена вреди ако доведе до крај на крвопролевањето. Сирија речиси сигурно никогаш нема да се врати кон својот статус на единствена држава со силна централизирана контрола над целата територија, но сите земји се плашат од “Исламска држава” и тоа би требало да послужи за заедничка појдовна точка за сириските преговори во формат 5 +1.

Сирискиот конфликт не нуди идеален излез за САД, но со претпазливи мерки Обама може да спречи опасен воен судир со Русија и исто така да избегне дополнително влошување на една веќе лоша ситуација.

* Џош Коен е поранешен шеф на проекти од Јуес Еид / USAID /, работел на управување со проекти за економска реформа во поранешниот Советски Сојуз. Изложените ставови се лично негови.

Слични содржини