Како да се ослободите од прекумерната “водна“ тежина?

од Vladimir Zorba

Дебелината може да се должи на повеќе причини. Една од нив е задржувањето на течности во организмот. Тоа ги отежнува функциите на клетките, помага за формирање на целулит, ја попречува нормалната размена на материите и ја зголемува вкупната тежина на телото.
Како да се ослободите од “водната” прекумерна тежина?

1. Вежбајте.
Колку повеќе се движите, толку повеќе ги забрзувате метаболичките процеси во телото. Движењето придонесува за трошење на енергија, во која учествуваат и течностите во телото. Забрзувањето на метаболизмот помага за исфрлање на вишокот течности од организмот.

2. Направете си детоксикациски денови.
Одберете ден или два во неделата, во кои ќе го детоксицирате организмот. Намалете го земањето на тешка храна и фокусирајте се на овошјето и зеленчукот.

3. Пијте многу вода.
Колку похидриран е организмот, толку полесно ќе се ослободи од вишокот течности. Не правете грешка со ограничување на течностите, за да ја исфрлите водната прекумерна тежина. Ова ќе го влоши процесот.

4. Отстранете ја солта од вашата исхрана.
Солта е предуслов за задржување на вишокот течности. Често луѓето не сфаќаат колку многу сол внесуваат со храната. Во повеќето готови производи се содржи сол, а ако ги посолиме јадењата си внесуваме неверојатно голема количина од натриум во организмот. Тој предизвикува задршка на течности, оток, зголемување на крвниот притисок, формирање на целулит, дигестивни проблеми.

5. Заменете ги простите јаглехидрати со такви инкорпорирани во сложените влакна.
Меѓу корисните јаглехидрати се овошјето и зеленчукот, бидејќи во својот состав содржат големи количини на влакна. Влакната имаат својство да го регулираат метаболизмот и водата во телото. Тоа помага за отстранување на вишокот течности по природен пат.

6. Некои додатоци за време на менструалниот циклус исто така можат да помогнат.
Со доаѓањето на менструалниот циклус од телото се губат некои важни микроелементи, кои играат важна улога во балансот на течностите. Меѓу нив се магнезиумот, железото и цинкот. Можете да се фокусирате на некоја храна или додатоци во исхраната кои ги содржат овие минерали.

 

Слични содржини