Самодовербата и внатрешната доверба се нешто одлично, под услов да не претерувате со нив. Многу студии покажуваат дека луѓето кои се сметааат за попривлечни имаат задоволителен сексуален живот. Тоа ве изненадува ли?cf1036a713125fe2fcaaa5963376e038

Значи, ако имате проблем со самодовербата, време е да го решите. Ова ќе ви помогне не само во однос на сексот, но и во сите други аспекти на вашиот живот. Но да се вратиме на сексот …

За да излегуваат секогаш многу добро работите во кревет, убаво е да знаете “мали трикови”, со чија помош ќе се чувствувате секси. Еве ги и нив:

Облечете си специјална долна облека

Независно од тоа дали одите на работа, излегувате во петокот вечерта или едноставно ќе ручате со пријатели, секогаш може да облечете секси долна облека, со што ќе се чувствувате попривлечни. Не ја  чувајте само за партнерот – исто така ќе треба да се радувате на своето тело.

Најдете совршено осветлување

Кога станува збор за секс – ниту целосниот мрак во кој се обидувате да најдете партнер, ниту светлина, која го покажува секое несовршенство на вашето тело, се добра идеја. Експериментирајте со осветлувањето, ако е потребно купете подвижна светилка која може да ја  преместувате во својата погодност. Свеќите, се разбира, се исклучително погодни, бидејќи создаваат еротско-романтична атмосфера. А вие имате потреба токму од слабо светло, за да се чувствувате секси, нели?

Тренирајте

Што и да зборуваме – тренинзите се од значење, кога зборуваме за изгледот. Особено за надворешниот изглед, кога сте голи или само по долна облека. За да се чувствувате попривлечни, вие мора да се грижите за вашето тело. А потоа со гордост ќе го шетате и прикажувате.

Најдете го вашиот омилен мирис

Неколку капки од парфемот кој ви се допаѓа, и ќе се чувствувате секси. Омилениот мирис во комбинација со облека која ги покажува позитивните страни на вашиот изглед, се совршена комбинација, на која ќе се потпрете. Не заборавајте – под нив треба да се крие и секси долна облека.

Разгалено тело со ароматичен лосион за тело

Откако сте си зеле освежувачки туш, намачкајте го вашето тело со лосион за тело со пријатен мирис. Измасирајте го нежно во кожата. На овој начин ќе го запознаете подобро своето тело, како и ќе го цените. Освен тоа мекоста на кожата е исклучително секси.

Слични содржини