Дојде сезоната на голите нозе. Веќе се заменија затворените чевли со убави сандали, а педикирот се јавува како совршен финиш на изгледот.ca9b7803e8ee1830cc62ef62abd0605f

Ако поради недостаток на време или финансии немате можност да го посетите најблискиот или омилен салон ви претставуваме во неколку чекори како да постигнете совршен педикир дома.

1. Подготовка

Започнете со чистење на ноктите со влажен сунѓер. Откако ќе завршите, користете соодветна турпија со која ќе ја поставите саканата форма и должина на педикир.

2. Масажа

За да си овозможите уште поголемо задоволство, масирајте со соодветен крем. Во случај да немате козметички производ под рака, користете мед. Тој има силни антибиотски својства и ќе ја хидрира и омекне кожата. За уште поголемо задоволство, додадете исечен лимон или листови од роза во водата.

3. Релакс

Најдобра опција е да ги оставите стопалата во водата за 10 минути. Потоа користете пемза, за да се отстрани горниот слој мртва кожа.

4. Ако имате испукани пети

Во овој случај додадете на ритуалот за домашен педикир и еден дополнителен чекор – триење со лимон на погодените зони. Ова ќе ја направи кожата уште помека и ќе го отстрани непријатното чувство при допир.

5. Завршеток

Последниот чекор е пријатеб – исушете ги добро нозете и лакирајте со вашиот омилен лак.Нанесете го последниот слој со топ лак и откако ќе се исуши, масирајте со лосион за тело или соодветен крем.

Слични содржини