Како дерматолозите се штитат од сонцето

од desk2

Темната страна на сонцето може да се опише вака: сончевите зраци се одговорни за над 80% од брчките и дамките по кожата и се главната причина за ракот на кожата. Како може да се насладиме на минута на отворено, знаејќи го тоа? На ист начин како што тоа го прават и дерматолозите – со прави и интелигентни методи за заштита, кои тие ги користат за да ги задржат здравјето и убавината на својата кожа.

Како дерматолозите се чуваат од сонцето?

Го држат кремот за сончање до пастата за заби

Кога ќе определите централно место во бањата за овие производи, ние сме сигурни дека тоа ќе нè потсети да ги користиме секое утро. На овој начин се гради навика, а тоа е поддржано и од податоците на истражувањето. Во нив се наведува дека луѓето кои го чуваат кремот сончање до пастата за заби ја зголемуваат неговата употреба со 20%.

Знаат кои се местата кои останатите ги испуштаат

Специјалистите знаат каде најчесто се појавуваат брчки и каде се развива ракот на кожата.

Како дополнување на врвовите на ушите и областа зад нив, задниот дел на рацете, колената и врвот на стапалата, постојат три други места кои изгледаат очигледни, но редовно ги забораваме. Меѓу нив се страните на вратот. Брадата ни обезбедува одредена заштита на вратот од сончевите зраци, но не и на страните. Важно е да нанесуваме крем за сончање насекаде во оваа област.

Другите места кои често се занемаруваат на телото се областа помеѓу прстите и по линијата на косата. Набљудуваат се бројни дамки пред ушите, како и на челото, затоа не смееме да ја заборавиме периферијата на лицето.

Слични содржини