Земјата, која кокетира со мислата дека е лулка на демократијата, е управувана од инфантилни дилетанти. Ципрас се грижи не за народот, туку само за својата партија. Но, стравот веќе го гони, коментира С. Москову.

0,,18545554_303,00

Има нешто многу скапано во Грција. Во почетокот на февруари новоизбраната популистичко влада вети дека ќе ја задржи задолжената држава во еврозоната и ќе договори со меѓународните кредитори спасувачки мерки на социјално прифатлива цена. На крајот на јуни, грчките банки се затворени, воведени се мерки за контрола над капиталните текови, а очајни пензионери чекаат ред пред банкоматите, од кои многу се празни.

Ситуацијата во меѓувреме излезе надвор од контрола. За инает на сето тоа, популистичка влада подготвува за следната недела референдум, кој според експертите ќе чини околу 110 милиони евра – со единствена цел да се легитимира една неуспешна тактика.

Ципрас и неговата демократија

Во овие драматични часови, непосредно пред крајот, премиерот Алексис Ципрас без срам покажа што е неговото разбирање за демократија. Во опширно интервју за грчката телевизија тој најави нешто навистина апсурдно: ако на референдумот во неделата Грците кажат “да” на барањата на европските партнери, тој ќе ги почитува резултатот, но немало да се придржува кон соодветниот акционен план. Ако пак мнозинството каже “не”, за што Владата ги мобилизира сите свои реторички сили, Атина требало да има во рацете адут при евентуално продолжување на преговорите.
Неискусниот премиер, кој со причина и без повод повторува дека управува по волјата на народот, де факто најави дека нема да се усогласи со оваа волја, ако таа не му се допаѓа. Ако ли, пак, мнозинството гласа така, како што се надева Ципрас, тој планира да го искористи ова гласање како оружје во преговорите. Оние преговори кои самиот тој изненадувачки ги напушти минатата недела.

Стравот од претстојната агонија

Земјата, која кокетира со мислата дека е лулка на демократијата, е управувана од инфантилни дилетанти. Шармантна инаку премиер Ципрас работи не за доброто на својот народ, туку за опстанокот на партијата – слично на безмилосно дискредитираните од него етаблирани грчки партии, кои беа поразени на изборите во јануари.

Алексис Ципрас, кој се претвори во судбоносна фигура за Грција, а можеби дури и за целата ЕУ, често зборува работи кои буквално вчудоневидуваат. Но и за тоа си има објаснување: кога чувствуваат страв, Грците имаат тенденција да се однесуваат како баби. Зад фасадата на премиерот одамна веќе управува стравот од претстојниот агонија. Четворица министри инсистираат за промена во курсот, голем број пратеници на “Сириза” во Европскиот парламент се дистанцираа од официјалната линија на партијата, а во вторникот вечерта граѓани во Атина демонстрираа под слоганот “Ние ја сакаме Европа”. Ова е последната, при тоа внатрешно-грчка шанса за изградба на една нова, подобра Грција.

Слични содржини