Како ги крстија Амал и Џорџ Клуни малите близначиња?

од Vladimir Zorba

Адвокатот за човекови права и сопруга на Џорџ Клуни – Амал, родила близнаци, соопшти претставник на актерот. Според информациите децата се девојче и момче се крстени Ела и Александар.”Утринава Амал и Џорџ ги пречекаа Ела и Александар Клуни во својот живот”, вели Стен Розенфилд од името на двојката.

“Ела, Александар и Амал се во добра здравствена состојба, среќни се и се справуваат добро”, додаде тој.

“Џорџ е под седативи и треба да се врати во следните неколку дена”, се пошегува претставникот на 56-годишниот актер. Клуни и 39-годишната Амал се венчаа во 2014 година во Венеција. Двојката сака да е далеку од светлата на рефлекторите, а во февруари оваа година објави дека  Амал Клуни е позната по многуте дела на високо ниво, во кои е адвокат на една од страните.

Таа го бранеше поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко и основачот на “Викиликс” Џулијан Асанж.

Еден од последните случаи на Амал беше поврзан со заштитата на жените од азиско потекло кои биле малтретирани од борци на “Исламска држава”.

Слични содржини