Како и најмалиот стрес влијае на нашето здравје

од desk2

 

Дури и најмалиот стрес во текот на денот може да влијае негативно на нашето здрајве и тоа долгорочно, покажа најновото истражување.

Еден од факторите на ризик за развој на депресија, анксиозност, кардиоваскуларни болести или хронична болка е стресот.

Се претпоставува дека стрес кој доведува до сериозни болести се големи случувања како отказ, раскинување, операција. Но, најновото истражување покажа дека и анјмалите стресни ситуации на дневно ниво се голем фактор за развој на болести. поточно стресот кој не завршува денеска.

Имено, на испитаници пред десетина години им била дадена задача да ги запишат сите моменти на лутина, гнев, раздрарзливост, нервоза, осаменост, срам, фрустрација, немир и напнатост. Од нив се барао и да опишат што ги предизвикало тие чувства.

Десет години по тоа тие се испитани дали развиле некакви болести. Се покажало дека оние кои не можеле да се ослободат од стресот истиот ден имале повеќе здравствени проблеми, вклучително и хронични.

„Повеќето од нас мислат дека причина за стрес е губење близок човек. Но, резултатите покажаа дека секојдневниот стрес е оној кој влијае на нашето здравје“, вели Леџер, водител на истражувањето.

Слични содржини