Вкупно осум терористи, кои зборуваат на француски и врескаа “Алах Акбар”, се убиени од полицијата во Париз, а  седум од нив ги  активира своите појаси со експлозив, јави АФП, повикувајќи се на извор близок до истрагата. Според различни податоци меѓу 150 и 160 лица се убиени, повеќе од 200 се повредени во Париз и соседната  општина Сен Дени. Имаче  експлозии и огнено оружје, по серијата од невидени терористички напади во различни области на француската престолнина.

20151114.igrlawzrtn

Терористите дејствувале, поделени во две групи. Едната група пукала претежно со АК-47 во различни делови на градот, по што е маскарирано  во концертната сала “Батаклан”, каде зеле и 100 заложници. Другата дејствувала во реонот на националниот стадион Stad de France, во исто време, кога таму се игра пријателски натпревар меѓу Германија и Франција. Најтешко ситуацијата била во театар “Батаклан”, каде барем 112 луѓе го  загубија своите животи, откако беа земени за заложници  4-ца терористи. Тие се мртви, откако полицијатавлегла во просторијата, а тие го  активирале експлозивот во своите појаси (3-ца од нив), пишуваат во Франција.

0,,18183875_401,00

“Стад де Франс” не остана недопрен, како за време на контролната средба Франција – Германија . Двајца терористи експлодирале  пред стадионот, а детомнациите одекнале  на целиот стадион. Во ист момент се  евакуираа луѓето кои ја пееја химната на земјата.Околу стадионот се повредени десетици. Животот го имаат изгубено 18. Т

ретата дестинација на терористите била булеварот “Волтер”, каде беше убиен еден човек. На фонтана “Ле Рој” биле убиени 5 лица, додека во ресторанот “Le Petit Cambodge” убиените се 14.

полиц гфранцПрефектот на француската полиција Мишел Кадот откри дека сите терористи директно учествувале во нападите врз жителите на Париз, и  биле  убиени. Сеуште нема информации апсењата на  нивни помагачи. Четворица од напаѓачите загинале во концертната сала “Батаклан”, тројца се кренале во воздух, а четвртиот е застрелан од полицијата. Уште тројца умреле во реонот на националниот стадион. Последниот е убиен на улица во источен Париз. Повеќе од сто се жртвите од заложничката  драма во “Батаклан”.

Француските специјални единици упаднаа во  салата, при што тројца терористи се самовзрарзнеле  а ременот на четвртиот експлодирал  откако бил неутрализиран.

париз пол

Овој напад потсетува донекаде заложничката  драма во Москва во есента 2002 година, кога чеченските терористи и “црни вдовици” со шахидски појаси зедоа над 900 заложници во Театарот на Дубровка за време на мјузиклот “Норд-Ост”.Тогаш Западот остро ги критикуваше властите во Москва дека при нападот на руски специјлаци за ослободување на заложниците околу 130 од нив загинаа при вметнувањето на задушлив гас во салата.

Во Париз синоќа беа распоредени над 1.500 војници. Францускиот претседател Франсоа Оланд ја откажа посетата на Турција за средбата на G20 и пристигна на местото на трагедијата. Франција ја засили безбедноста и затвори своите граници. Европските и светски лидери изразија шок од настаните и изјавија поддршката кон Французите.

Слични содржини