Како изгледа сексот на почетокот на врската, по децата, на 30 години…

од Vladimir Zorba

 

Повеќето луѓе сметаат дека сексот е најдобар во почетокот на врската- набиен  со страст може да се случи било каде и било кога, а и често се случува. Дали тоа е навистина така? Имаат ли луѓето во долгите врски на што да се радуваат?

Клиничкиот психолог и сексуален терапевт Меган Флеминг го поделила своето долгогодишно  искуство со читателите на Redbook и ги срушила некои митови кои се врзуваат за сексот и за возраста на луѓето.

  1. Сексот на почетокот на врската

Почетокот на секој однос е многу возбудливо време и за мажот и за жената, откривате новости за својот партнер, „крадете„ моменти за себе, но колку и да е тој нов почеток вид на афродизијак, може да биде и кобен за вашата сексуалност.- Кога влегувате во нова врска, можете да се опуштите и сосредоточите на сопственото задоволство. Доста луѓе во долга врска чувствуваат одговорност кон партнерот и неговите потреби, а тука се намалува воодушевувањето од сексот. На некои луѓе им е тешко да го поврзат „познатото„ со „еротичното„ и затоа им е потребна слобода за да ги исполнат своите сексуални потреби-објаснува др. Флеминг.

  1. Првите 6 до 18 месеци на врската

Периодот од 6 до 18 месеци научниците го сметаат за сексуален врв на врската. Истражувањето објавено 2016 год. покажало дека паровите се сексуално најисполнети во периодот од 6 до 18 месеци на врската, но Флеминг смета дека тој период може да се продолжи и до 18 месеци врска.Таа смета дека овој период на сексуален врв треба да има крај. Сексуалната возбуда со време треба да ја замени вистинската интимност каде партнерите сакаат да бидат интимни едни со други и откако се виделе во најлоша состојба. Интимноста е важна за сите аспекти на врската па донесува мир и самодоверба кои го зајакнуваат и остатокот на врската.

  1. Кога врската станува сериозна или после венчавката.

Венчавањето воопшто не влијае на сексот, покажало минатогодишното истражување. Тоа што влијае се обврските кои со време паровите ги превземаат. Оптеретеноста со режиските трошоци, работата, грижата за децата и/или за родителите, резултира со сеопшт замор поради кој паровите не стигнуваат да мислат на секс па тој во тој период се проретчува. Во тие ситуации, Флеминг советува партнерите да бидат отворени и да разговараат за сексот и да не се срамат да кажат што ги мачи.-Луѓето мислат дека добриот секс треба да биде спонтан, но тоа не е вистина. Им помагам на паровите да сфатат дека е важно сексот да биде приоритет во врската. Дословно запишување на сексуалниот контакт во календарот може да помогне.

4.Кога ќе добиете деца

Помеѓу останатото, значи и да се простите од голем дел на слободно време кое сте го имале до сега .Децата се неизмерно важни, и да станат добри луѓе еден ден, потребно е да се вложи многу време и труд да се воспитаат. – Но, тоа не значи дека треба да се запушти својот сексуален живот. Сепак најлесно е него да го „тргнете од дневен ред„ кога ќе дојде детето. Паровите до крајот на денот се потполно исцрпени, а тогаш обично единствено имаат време за секс. Но постои решение и за оваа ситуација- со договор, парот може да практикува утрински секс- објаснува Флеминг.

  1. Периодот на менопауза

Една од последиците на овој животен период на сите жени е неможноста за бременост. Но, со менопаузата доаѓа и до намалено лачење на естроген, а со тоа и влажнење на вагината. Некои жени ќе посегнат кон лубрикантите, но поголемиот број ќе ја намалат количината на сексот со партнерот. Но, тоа не е потребно, напоменува Флеминг.- И сега доаѓа најубавиот совет за оваа возраст. Земете си време за предигра. Во оваа фаза од животот, луѓето најпосле имаат време и енергија да го прават она што го сакаат.Немојте да се брзате. А покрај тоа, многу жени во оваа возраст добро се чувствуваат во своите тела.

 

Слични содржини