Тој дојде на власт во јануари како бунтовник, војувајќи против условите на доверителите кои ја понижуваат Грција. За победата италијанскиот премиер Матео Рензо му подари вратоврска. Ципрас рече дека ќе ја стави кога се избори за отпишување на долгот. На 20 август поднесе оставка како премиер, без да го стави подарокот. Во истиот ден Грција ја доби првата транша од новата спасителна програма (за € 86 милијарди.). Со полоши услови од оние поради кои го свика референдумот на 5 јули и го освои со 61,3%. Но откако го доби, против бунтовникот тргна бунт во неговата партија СИРИЗА.

Image_4952684_407

Алексис Ципрас (41 г.) знаеше дека договорот со еврозоната ќе изнервира многумина во коалицијата на радикалната левица СИРИЗА. Најмладиот премиер од пред 150 години во Грција сепак едвај претпоставуваше дека тоа ќе го чини државната позиција.
“Требаше да го прифатам договорот, со многу точки со кои не се согласувам, или Грција да западне во хаотичен банкрот”, се обиде да објасни тој. Но 43 од 149-те пратеници во 300-члениот парламент не го поддржаа и тој беше одобрена со гласови од опозицијата. Ципрас вети дека ќе побара гласање за доверба, но штом разбра дека нема да помине, тргна кон избори. Брзо на 20 септември, за отцепените 25 екстремисти од СИРИЗА во групата “Национално единство” да немаат време да се организираат.

Така левичарот, кај кого многумина гледаа како на новиот предводник за борба против наметнатото од десницата (претежно од германската) штедење во Европа, покажа добар инстинкт за политичко преживување.

Ципрас е роден во предградието на Атина 4 дена по соборувањето на воената хунта – на 28 јули 1974 година .Татко му, градежен претприемач, е приврзаник на соцдвижењето ПАСОК, а поголемите брат и сестра членуваат во младинската организација на Комунистичката партија. Тој исто така станува нејзин член на 16 години. Се тврди дека го направил тоа под влијание на соученичката Перистери Базиена, нарекувана Бети, со која се запознава на 13 години. Тој и сега живее со неа, без да се во брак, имаат двајца синови. Помалиот е именуван Орфеас Ернесто на револуционерот Ернесто Че Гевара.

Во 1990 година Ципрас станува нешто како лице на училишни протести против реформите во образованието, кои на крајот се откажани, а образовни министер – сменет. Тогаш новинарка од една ТВ прави интервју со него и импресионирана завршува со зборовите: “Алексис кога ќе се сретнеме по 20 години, ти веќе ќе си премиер.”

Додека учи за градежен инженер, се префрла во левичарската коалиција “Синаспизмос” (претходник на СИРИЗА), каде што расте во хиерархијата меѓу силна конкуренција. Многумина се незадоволни, кога во 2006 година тогашниот водач Алекос Алаванос го наметнува Ципрас за кандидат градоначалник на Атина. Тој освојува 10,5% од гласовите. Во 2008 година Ципрас е избран за лидер на “Синаспизмос”, откако Алаванос не се кандидира. Велат дека оттогаш двајцата не размениле ни збор.

Со ладнокрвноста, ораторско мајсторство и талент кон власта Ципрас ја дочека изборната победа во јануари. Но како премиер мораше да плаќа долгови, да преговара со доверителите. Често пати играше добар полицаец, лошиот беше финансискиот министер Јанис Варуфакис. Ципрас направи најкоцкарски потег со референдумот, за да отстапи потоа. Можеби му се допадна да е меѓу евроелитата, особено откако почнаа да го фалат за “храбриот избор”.

Иако расцепот во СИРИЗА го скроти, бунтовник има големи шанси повторно да победи на изборите, макар и без да добие мнозинство. Но изгледа подарената од Рензо вратоврска ќе остане во гардероба. Во последното интервју некако заборави да спомене за отпишување на долговите, за што настојуваше постојано, туку само за одложување.

Веќе ретко оди на натпревари

Ципрас од тинејџер е заколнат фан на фудбалскиот тим “Панатинаикос”, но откако влезе во големата политика, ретко оди на стадионот. Во 2007 година шеговито вели: “Ако не победиме на шампионатот оваа година, ќе престанам да верувам во Дедо Мраз.” Тимот не победи, но Ципрас веројатно и порано не верувал во белобрад старец, бидејќи не е религиозен. Како премиер одби да се заколне пред Библијата. До 2012 година, ја обиколуваше низ Атина со мотор, но сега ја преферира безбедноста на автомобилите.
ЗА НЕГО РЕКОА

Грците гледаат во него лав

Мислам дека Грците ќе поддржуваат Ципрас, бидејќи гледаат во него лав. Тие беа сведоци како тој даде сè од себе во преговорите (со доверителите). Ги поддржуваме Ципрас и сите, кои не се плашат да си ги извалкаат рацете.

Пабло Иглесиас, лидер на шпанската левичарска партија “Подемос” (“Можеме”)
Попушти пред доверителите

Ципрас се предаде пред доверителите. Егото му попречи да се спротивстави на Тројката, како што бараше предизборната платформа на СИРИЗА. Тој свесно реши да стане нов Де Гол, или поточно во Митеран (француски претседател социјалист, избран во 1981 година со радикална левичарска платформа, со која не може да се исполни и менува политиката). Во ноќта на референдумот Ципрас ја донесе одлуката не само да се предаде пред Тројката, но и да ги спроведе условите на капитулацијата со идејата дека е подобро прогресивна влада да ги прави, отколку други кои би ги реализирале со ентузијазам. Ова доведе до мутирање на СИРИЗА и расцеп.
Јанис Варуфакис, поранешен министер за финансии на Грција

Пијан капетан на своеволен брод

Што прави тој? Алексис Ципрас да не е пијан капетан на своеволен брод? Предвремените избори уште еднаш ќе ја фрлат земјата во целосна неизвесност, ќе доведат до политичка парализа и ќе нанесат уште еден удар по економијата. Изгледа сè се жртвува во име на внатрешниот стремеж за премиерската функција.

Андонис Самарас, поранешен премиер на Грција и екслидер на “Нова демократија”

Одби да прави лева историја

Алексис Ципрас се откажа да прави лева историја во Грција. Целта е јасна – послушност на доверителите и олигарсите. Спорадичната и нерешителната стратегија на премиерот создаде трагична ситуација со идеолошки и политички последици. Левата ориентација сепак не треба да остане само кака 7-месечна епизода. Драги борци и другари од раководството на единствена СИРИЗА, вразумете се, пред да биде предоцна, свикајте голем форум и сфатете дека со натамошно кредитирање се поробува грчкиот народ за децении напред.

Манолис Глезос, антифашистичката икона и поранешен европратеник од СИРИЗА

Слични содржини