Како мачките пијат вода – и тоа го прват толку елегантно?

од Vladimir Zorba

Многу сопственици на мачки се восхитуваат на работата на јазикот на мачката.

Таа како стрела толку брзо оди кон водата и до неодамна никој не знаел точно како водата доаѓа до стомакот на животното.

Ние, кои можеме да пиеме, вшмукување и да преземаме течности, не можеме да ја разбереме драмата на повеќето предатори. Сопствениците на кучиња се добро запознаени со лигавењето при пиењето на вода.

За да ја преземе влагата животвотното кучето го внесува јазик во водата и зема од неа одредено количество со истиот орган и го подвица во форма на чаша.

Мачките, мали и големи, имаат развиено далеку поелегантен метод, раскажуваат инженерите Педро Рис и Роман Стоукр од МИТ, Сунгхван Џун од Политехничкиот институт во Вирџинија и Џефри Аристофан од Принстон.

Тие го објавиле своето откритие во списанието. Science.
Според нив мачјето пиење зависи од инстинктивната способност на мачката да ја пресметува рамнотежата на спротиставените сили на гравитација и инерција. Кога пие вода, мачката го истрелува јазикот, како и го подвива надолу.

Врвот малку ја допира површината на водата. Јазичето потоа брзо се повлекува нагоре, понесувајќи го при тоа при себе столбот со вода.

Токму во моментот кога гравитација преовладува над инертноста тоја ја крева вода, мачката ја зафаќа водената струја и ја голта. И ова се случува четири пати секоја секунда. Јазикот на животното се движи со брзина од еден метар во секунда.

Слични содржини