Како Путин точно пред една година донесе одлука за безконтактна војна во Сирија?

од Vladimir Zorba

Воените експерти и тајни служби ја предложиле токму оваа опција на борбени дејствија заради два главни фактори.

20160930-vjirvatrma

Точно пред една година, на 30 септември 2015 година, Русија презеде една од своите најголеми кампањи во својата понова историја. Нејзини цели станаа стабилизирање на режимот на Башар Асад и изнаоѓање на политичко решение на кризата во Сирија.

Главните цели на операцијата, која отпрвин била планирана како краткорочна, не беа постигнати и Сирија стана место каде се судрија геополитичките интереси на Русија и САД.

Решението за употреба на воена сила во Сирија од воено раководство на Русија не била донесена лесно. Според руското издание “власт”, тоа е резултат на пријавување на неколку фактори: од резултатите во анализата на тајни служби за потенцијалните закани за РФ до неподготвеноста на Владимир Путин да ги повторува грешките на Москва во однос на Либија во 2011 година

Постоеле и ризици за имиџот на земјата: а пред малку повеќе од една година Крим стана дел од Русија, чин што западните земји го оцениле како “анексија”, и затоа воведувањето на целосен воен контингент во Сирија би провоцирало нови напади врз основана надворешната политика на РФ.

Токму поради тоа во Кремљ се одлучил да се ограничи за безконтактен методи за водење на војната.Тоаа било релативно сигурно (бидејќи исламистите немале систем за ПВО) и многу поевтина опција отколку издршката на армиски единици на оддалечен театар на воените дејствија.

На 26 август планот бил одобрен на високо ниво: министерот за одбрана Сергеј Шојгу и неговиот сириски колега Џасем ал-Фредџ и потпишаа договор за распоредување на руската воздухопловна група во базата Хмејмим за неопределено период за борба против терористите.

За да се потенцира законитоста на активностите на своите вооружени сили, Кремљ требало да добие барање од Башар Асад. Тоа би значело дека Русија е единствената земја од завојуваните во Сирија, која дејствува во рамките на меѓународните правила.

Како резултат на тоа документот се покажал кај Владимир Путин едвај на 29 септември. Тоа, сепак, не било поврзано со бирократски компликации – дипломати раскажуваат дека Асад бил подготвен на секакви отстапки, само за да добие моќна поддршка. Овој месец бил потребен од Министерството за одбрана на РФ и за подготовката за воени дејствија.

Операцијата во Сирија стана фактички првата од времето на 5-дневната војна со Грузија во 2008 година. Таа требало да стане не само испит за вооружените сили на РФ, чие реформирање започна уште при министер Анатолиј Сердјуков, но и сериозна проверка за самиот Сергеј Шојгу.

Подготовките за операцијата водена со особено внимание. Во текот на август-септември започнува пораст на силите и средствата: големите десантни бродови ( “Новочеркасск”, “Королев”, “Саратов”, “Азов” и “Цезар Куников”), а потоа итно биле купени бродови од Турција, кои добиле статус на бродови од ВМФ на РФ, почнале да носат од Новоросијск во сириското пристаниште Тартус – муниција, гориво-мазива и посебна техника. Со оваа активност истовремено се занимавале и авионите на военотранспортната авијација.

По акумулирањето на доволно количество оружје, останувало да се пребазират борбените авиони и хеликоптери. Независно од мерките за зголемена тајност (целиот трансфер случил на позадината на вежбата “Центар-2015”), американските сателитски системи откриле зголеменото воено присуство на РФ во Латакија, но не направиле обид да го спречат.

На 30 септември во авиобаза Хмејмим била формирана комплетна авионскаи воздухопловна група од повеќе од 50 авиони (ловци Су-30см, бомбардери Су-34 и Су-24М, бомбардери Су-25, хеликоптери Ми-8 и Ми-24П, а исто така разузнавачки авиони).

Обезбедувањето на Тартус и на Хмејмим и била доверена на 810-та бригада од Црноморската флота и на 7-а десантна планинска дивизија на ВДВ. Единиците на силите за специјални операции по потреба требало да одржуваат диверзанстски и спасувачки операции.

Вкупниот број составот достигнал според експертски проценки, од 1.500 до 1.900 лица. Самата авиобаза е покриена со системи за ПВО “Бук-М2” и “Панцир-С1” и надградени сириски комплекси (реновирани од руски специјалисти).

Во Сирија се префрлени беспилотни летала (тип “Орлан-10”), оклопни возила “Волкан”, оклопни транспортери БТР-82А, тенкови Т-90С, тешки огнеметни системи ТОС-1А “Урал” и Камазии.

Со овие сили Русија се подготвила да јаа започне воздухопловната операција и да ја водат како уверува на високите кремљлски и воени чиновници, додека сириската армија помине во офанзива.

Година подоцна во Русија веќе се воздржуваат од такви ангажирани и оптимистички формулации. На војната во Сирија не и се гледа крајот.

Објавено во списанието Коммерсант-ѕенги

Слични содржини