Путин вешто ја користи борбата против тероризмот за свои цели: тој се залага за уште посилна на милитаризација на Русија. Во Москва никој нема намера да ги користи тенковите против терористите. Тие им требаат за друго-пишува DW.

0,,18751708_303,00

По катастрофата над Синај и последните терористички напади во светот, na социјалните мрежи и во медиумите се појавуваат се повеќе претпоставки дека е можно руските власти да се индиректно поврзани со терористите. За ова алудираат како директни политички противници на рускиот претседател како Ахмед Закаев, самопрогласен за премиер на Ичкериja, така и некои експерти како политикологот Станислав Белковскиj. Тие тврдат дека Путин знаел однапред за терористичките напади во Париз. Според нив, нападите биле толку профитабилнi за Кремљ , што очигледно сведочат или за негово учество во организирањето , или барем за тоа дека во Москва знаеле однапред за нивната подготовка.

Луѓето кои размислуваат на овој начин, се чини ги сметаат сите западни политичари за недостојни за заземените од од нив позиции, бидејќи ако Русија инспирирала терористичките напади во Париз, со неа не може да се гради обединет фронт во борбата против “Исламска држава”. Во таков случај би требало да и се наметнат нови санкции.

Путин: Проблемот не е во соборувањето на авионот, туку е во намерната исламизација на Турција

Тука се спојуваат интересите на противниците на Путин и некои кремълски пропагандисти, кои во последните две години заработија популарност од истражувањето на “махинациите на Западот” против руската држава. Сега овие пропагандисти предвидуваат дека во блиска време САД и ЕУ ќе го обвинат прво Асад, а потоа и Путин дека токму тие ги организирале париските напади. На крајот на краиштата меѓу овој громогласен единствен хор од русофобијата и путинофили станува сè потешко да се слушне за што зборува реално Кремљ.
Тероризмот е само повод

Руската антитерористичка политика има две сосема различни димензии – надворешно-политички и внатрешен инструмент. И ова не е новина. Многу држави делуваат на ист начин, но во случајот со Русија има некои особености.

Во надворешниот однос Москва се однесува како одговорен играч. За тоа зборува поддршката за Џорџ Буш по нападите од 11 септември 2001 година, уништувањето на чеченските терористи и на странска територија, како и предложената на Франција помош по нападите во Париз.

На внатрешнополитички план меѓутоа борбата против тероризмот се претвора во инструмент за зајакнување на власта. Така беше и во 1999 година, кога Владимир Путин и неговите соработници ја презедоа контролата врз парламентот и над Кремљ по втората специјална операција во Чеченија и терористичките напади во Москва и Волгодонск.

Така беше и по трагедијата од Беслан. Загинувањето на децата тогаш не стана основа за напорна борба против тероризмот, туку повод за сериозни политички реформи за концентрација на централната власт во рацете на претседателот и за демонтажа на Федеративните односи на регионите со Москва. Кремљ ја освои солидарноста на европските партнери и во исто време го зеде за дискутабилно од правна гледна точка решението за фактичкото поништување на изборите за гувернери. Случката беше пример за тоа како руските власти го инструментализират тероризмот за свои цели. Небаре загинувањето на децата во Северна Осетија имаше нешто заедничко со изборите на гувернери? Се разбира дека не. Но, во овој трагичен момент, руското општество воопшто не беше во можност да се спротивстави, а политичката опозиција стравуваше дека ќе биде обвинета за помошник на терористите. И така Кремљ го искористи терористичкиот напад како изговор за прераспределба на моќта.

Во Москва не се глупави

За жал Кремљ го користи истиот приод уште неколку пати. Под изговор дека се бори против тероризмот, Кремљ ги измени законите за медиумите и воведе цензура. Под истиот изговор Кремљ ги забрануваше активностите на умерено националистичките организации од опозицијата. И ете, историјата се повторува. Од февруари наваму Кремљ се стреми кон максимална мобилизација на економијата и милитаризација во руското општество, односно го покорува животот на земјата на сегашни и идни воени цели за зголемување на своето влијание во странство и укрепувањето на власта во внатрешноста на Русија.

Општеството се спротиставува мазно. Умерената опозиција од време на време објавува дека успеала да му докаже на Путин дека понатамошната милитаризација ќе ја погуби руската економија. Поранешниот министер за финансии Алексеј Кудрин неодамна ги увери новинарите дека според негови информации, програмата за вооружувањето на руската армија ќе треба да се продолжи за 5 години, а трошоците за вооружување ќе бидат непроценети.

Овие надежи сепак очигледно нема да се остварат. Изјавата на Кудрин е спротивно на она што го вели Путин. На средбата со безбедносните структури на 17 ноември, тој призна дека катастрофата со патничкиот авион над Синај била предизвикана од терористички напад. И веднаш потоа издаде уште еден предлог за прием на нов план за одбрана на земјата до 2020 година, кој предвидува забрзување на модернизацијата и приоритетно финансирање на руската армија. Малку подоцна тој го потпиша и соодветниот декрет.

Се разбира дека во Москва не се будали и никој нема намера да војува со тенкови против терористите. За тоа си има тајни служби. Новата армија е потребна на Кремљ за сосема други цели. Исти како што гледаме во изминатите две години во Украина. А терористичките напади се само удобен повод за Кремљ да им ги поднесе на масите своите стари милитаристички планови под таква форма, што секој кој ќе се искаже против зголемените трошоци за војна, да се покаже како помошник на меѓународниот тероризам.

Слични содржини