Како се движат очите ако некој ви се допаѓа?

од Vladimir Zorba

Очите на луѓето ги “скенираат” нашите тела поинаку во зависност од тоа дали сакаат да бидат наши пријатели или копнеат за нешто повеќе.

Со ова се занимава новото истражување. Научниците ги проучувале податоците од движењата на очите на 105 хетеросексуални учесници, додека им биле прикажани слики на непознати луѓе.

Научниците утврдиле дека и мажите и жените се фокусираат повеќе на главата и на градниот кош на човекот кого сметаат како потенцијален љубовник. За споредба, кога тие земале некого како потенцијален пријател, тие се фокусираа повеќе на неговите нозе и стапала.

Меѓу геометријата на погледите и кај мажите и жените имало уште разлики. Така на пример, кога жените гледалеа повеќе наглавата, била поголема веројатност да се покаже само пријателски интерес. Иако во принцип жените гледаат кон главата повеќе од мажите.

Кај мажите фокусирањето врз главата на човекот сепак се поврзува со слаб интерес за пријателство. Д-р Ангела Банс која е коавтор на истражувањето, објаснува дека жените кои немале партнер во моментов, ги гледале сликите подолго време и повеќе внимателно.

Фокусирајќи се кон централниот дел на телото, како крстот, нозете, задникот и градите, е знак за поголем интерес кон човекот, без разлика дали тој е романтичен или пријателски.

“Очите на луѓето скенираат на многу различен начин во зависност од она што го бараат и каква улога сметаат дека набљудуваниот може да игра во нивниот живот”, заклучува д-р Банс.

Слични содржини