Како се менува интересот за порното по бракот

од Vladimir Zorba

По бракот сексот се менува. Преференциите и фреквенцијата на гледање порно исто! Американски истражувачи интервјуирале стотици брачни двојки и имаат воспоставено интересен “пресврт” во сексуалното однесување откако ја ставиле бурмата. Еве и до какви заклучоци стигнале по истражувањето објавено во списанието Sexologies Journal.

Жените гледаат повеќе порно по бракот

9% од жените признале дека гледале порно пред бракот. Откако веќе станале сопруги процентот отскокнал до 28! Обратен тренд се забележува кај мажите. 23% издаваат дека редовно гледале филмови за возрасни пред свадбата, потоа процентот паѓа до 14.

Аналниот секс веќе не е интересен

Студијата испитува и какви се сексуалните преференци на брачните двојки сега и порано. Аналниот секс бил интересен и возбудувачки за 13% од мажите и 12% од жените пред брачниот завет. Потоа стапката драматично опаѓа – 2% кај мажите и 0,4% кај жените.

Повеќе реален секс, помалку фантазии

Со намалување на гледањето на порно се намалуваат и сексуалните фантазии кај господата. Тие веќе практикувале постандарден секс, лишен од имагинација. Според научниците, тоа се должи и на фактот дека тие веќе се прифаќаат како “сериозни” луѓе кои држат повеќе до тоа да утврдат социјален и финансиски статус во општеството, што ги прави и воздржани во спалната соба.

Слични содржини