Како се роди Европската Унија

од desk3

Кога Џорџ Маршал, државниот секретар на Хари Труман и поранешен командант на армијата на САД, се обидуваше на универзитетот “Харвард”,  да добие почесна титула во првата недела од јуни 1947 година, печатот овој настан не го сметаше за многу важен.  Според историчарите поканетите од “Харвард” не знаеја што  што ќе каже Маршал  во својот говор. Сепак, ова е говорот  кој ги навести почетоците на големите промени во повоена Европа. Во краток став Маршал ја истакна повоената деструкција на Стариот континент и рече  дека е логично САД да направат се што можат за да и помогнат на Европа да ја заздрави својата економија без која во светот нема да има стабилност и мир. Тоа е роденденот на планот “Маршал”.

Во тоа време европските економии  се  урнисани, земјите едвај се држат, трговијата е заглавена, како и врските меѓу земјите. Планот, кој Маршал и неговите советници  Дин Ачесен и Џорџ Кенен го создаваат, не цели само да и помогне на Европа во реконструкцијата. Тој сака да ја зајакне соработката меѓу земјите, бидејќи тоа ќе го спречи  “злобниот дух на Европа” – национализмот.

По изјавата на Маршал британскиот и францускиот министер за надворешни работи организираат форум, на кој европските држави ќе пројават интерес за учество во иницијативата. Планот е отворен формално и за социјалистичкиот  блок, но Вашингтон знае дека СССР нема да го прифати, бидејќи Германија се третира како обединета држава. Тоа и се случи – Министерот за надворешни работи Вјачеслав Молотов ја напушти  париската конференција, а Москва ги притисна сите  социјалистички  сателити да се откажат од планот, нарекувајќи го “американски империјализам”. Во него учествуваат сите 18 европски држави – без социјалистичкиот блок и Шпанија.

Резултатот од “Маршалот” ги надминува сите очекувања. За периодот од 1948 до 1951 година САД на европските држави им префрлаат 13 милијарди долари (вредност во 2016 година – 130 милијарди долари),  шемата вклучува и специјални агенции во секоја од земјите, кои продаваат американски производи како храна, горива, машини за да следат како се трошат парите. Германија ги користи главно за храна, Италија и Грција – за обновување на патишта и железничките пруги, Франција – за индустриски инвестиции, Велика Британија – за плаќање на долгови и поддршка на фунтата.

Еден од елементите на планот “Маршал”, кој често останува игнориран е поедноставување на долговите на Германија, како и охрабрување што останатите земји добиваат да тргуваат со неа. Помеѓу 1948 и 1955 година долговите на Германија  се простени, а земјите кои добиваат помош од планот “Маршал” се обврзани да не бараат пари од Берлин, додека земјата не ја исплати американската помош. Како резултат на тоа, германскиот долг опаѓа 300% од БДП до 1948, на 20% на крајот на 50-те година Во исто време земји како Франција и Велика Британија се борат со долгови од редот на 200% од нивниот бруто производ. Дел од успехот на програмата е дека е одвоена од администрацијата и управувани од Пол Хофман – бизнисмен и поранешен шеф на Studebaker Corporation. На крајот на периодот економиите го поминале предвоеното ивоа, а европската трговија  значително се зголеми. Но уште поважно е дека е променета насоката – сега наместо со колониите  европските држави тргуваат многу повеќе меѓу себе. Париската конференција прераснува во Организацијата за европска економска соработка. Шест години подоцна доаѓа Договорот од Рим, со кој стартува изградбата на Европската унија.

Во СССР владее  страв – “Маршалот” станува и основа врз која се гради Северноатлантската алијанса. Со почетокот на војната во Кореја во 1951 година и разгорувањето на Студената војна САД заклучуваат дека треба да се зајакнат не само европските економии,  туку  и европската одбрана. Со дел од средствата според  “Маршал” повторното се подржува вооружувањето  на армиите на западноевропските земји, се  помагаат нивните воени индустрии (наместо само САД да дава свое оружје). Тоа НАТО го поттикнува да прерасне од политичко консултативен клуб во одбранбена организација. Не е толку познато дека планот станува и повод за огромна пропагандна иницијатива во која десетици новинари и кинематографијата ги убедуваат европските општества во корист на планот.

70 години по оваа голема идеја нејзиниот успех продолжува да инспирира политичари низ целиот свет. Фондовите на ЕУ се де факто реинкарнација на истата идеја – данокот кој Западна Европа плаќа за развојот на другите делови од континентот. Како што нагласува Томас Клајн-Брокхов во коментар за “Зюдойче цајтунг”, денес “Маршал план” сакаат и во Африка, и во Грција и во француските предградија. Некои идеи се толку добри што живеат долго.

Слични содржини