Како се спасува бракот на Брандџелина и што ќе направи Бред!

од Vladimir Zorba

Бред Пит е подготвен да се подложи на детектор за лаги, за да и докаже на Анџелина Џоли дека не бил во интимна врска со француската колешка Мерион Котијар. Тој го упатил предлогот до својата сопруга, но таа категорично го одбила, соопшти “Дејли Меил”.

20151031-fielyidtpl

Холивудскиот секс симбол е скршен од условот на Џоли да добие целосно старателство над децата. Со нив тој се видел последен пат во понеделникот минатата недела, кога актерката поднесе тужбата за развод.

Засега заедно со наследниците таа живее во куќа за која плаќа кирија од 95 илјади длари месечно.

“Таа на Бред не му дава ниту минимален пристап до нивните деца, па дури и да се слушне по телефон”, велат блиски до ѕвездата од “Бандата на Оушн”, цитирани од списанието “People”.

Според нивн Пит бил шокиран од одлуката на партнерот да го прекине нивниот брак, бидејќи и во минатото се заканувала со слични дејства, но до конечен крај па и не дошло. До денес тој се надева дека ќе добие поддршка во врска со децата од својот дедо – холивудската легенда Џон Војт.

“Се смета дека неговите блиски односи со семејството на Енџи ќе отворат некоја дупка. Веќе се слушнал со нејзиниот татко и се надева тој ќе интервенира во улога на миротворец меѓу нив”, додаделе од опкружувањето на Пит.

Во официјалните документи како причина за разделбата со него, Џоли посочува тривијални “ненадминливи разлики”. Подоцна излезе информација дека за причина се смета друга убава жена, неверство.

За љубовница на Бред беше намерно прикажана Марион Котијар, со која тој се здружил во неговиот нов филм “Поврзани”. На социјалните мрежи француската актерка категорично тоа го негираше дека имала афера со колегата, додавајќи дека во моментов таа го очекува второ дете од неговиот долгогодишен сопруг Гијом Кане.

Според друга верзија Анџелина била строго против начините на кои Бред ги воспитува нивните деца. За случајот е упатен и ФБИ, кое ќе го испитува актерот за физичко и психичко малтретирање над 6-те наследници.

Обвиненијата датираат од средината на септември, кога семејството патувало во својот приватен авион. “Тој бил пијан и се карал жестоко со Енџи. Тогаш најголемиот син – Медокс се вклучил во заштити на мајка му. Бред тогаш го свртел својот гнев кон него”, тврдат извори блиски до Џоли.

Бранители на Пит контрираат дека до физичка пресметка не дошло, а какви зборови користи еден родител, за да ги воспитува своите деца, е прашање на личен избор.

Слични содржини