Како се трошат општинските пари?

од desk4

Луксузната лимузина и трите поскромни возила вредни близу 100 илјади евра биле нужни за општинскиот возен парк вели градоначалникот Рамиз Мерко, информира ТВ24.

Тој тврди дека во моментот локалната располага со само шест возила кои биле

нефункционални, па морало итно  да се нарачаат нови оти поголем дел од неговите и обврските на општинарите биле надвор од градот.

За посебните барања кои ги има наведено за автомобилот  вели дека се обични спецификации и далеку од луксузни.

„Во возниот парк имаме само шест возила кои не функционираат. Аудито што се спомнува неколку пати има правено сообраќајќи и не е за долги релации. Јас, а и вработените постојано патуваме или до Скопје или надвор од земјава, низ селата во интерес на граѓаните и не можеме да одиме со комбе или со старите автомобили кои многу повеќе трошат. Затоа распишавме тендер за набавка на потребните возила за кои тврдам дека не се луксузни и парите кои ќе се потрошат за нив ќе ги набавиме од продажбата на шесте стари  кои веќе се ставени на продажба”, вели Рамиз Марко градоначалник на општина Струга.

Но Алијансата на Aлбанците смета дека градоначалникот Мерко ја прави набавката за личен луксуз. Велат дека немаат ништо против за збогатување на возниот ред, но не во купување луксузни возила за него, туку за набавка на камиони за смет кои подолг период се вон употреба.

„Граѓаните на Општина Струга немаат можност и желба на градоначалникот да му обезбедат луксузна лимузина, туку сакаат решавање на приоритетните проблеми со кои се соочува градот.Градоначалникот располага со добра кола и нема потреба за нова бидејќи има на располагање Пасат од 2016 та година, или сака секој мандат да се реновира со нова кола?“, прашуваат од Алијанса.

Инаку  градоначалникот Мерко возниот парк го збогатува во време кога Струга е една од најзадолжените градови во земјава со долг од околу 7 и пол милиони евра. На интернет страната за набавки тој побара лимузината да биде исклучиво бела со современи аудио команди, сензори и комфор. Иако набавката наиде на критики од јавноста, Mерко не ја откажува и Јавното отворање на понудите ќе биде на 12 март.

Слични содржини