Како трошите масти и да изградите мускули

од Vladimir Zorba

Општо земено повеќето од вас ја знаат основата на тоа како да изградат мускули и да согорувате масти. Тренирате многу, се храните по правилата, во теорија сè изгледа одлично, но во пракса … не сосема.

Изградбата на мускули е тежок процес, кој често трпи промени во движење и треба да биде следен будно. Што треба да знаете?

1. Бидете подготвени да жртвувате време, задоволство и забава

Ако беше лесно, сите ќе изгледаа како фитнес модели. Во даден момент ќе се чувствувате исцрпени, иритирани што не може да јадете сè што ќе посакате, ќе бидете зајадливи, нервозни и многу иритирачки. Но и ова ќе помине! Ќе станувате рано, ќе се навикнете на распоред без разлика дали сте имале скапан ден и дали надвор е -20.

2. Вежбајте паметно

Многу луѓе го следат погрешното разбирање – кардио топи масти, теговите градат мускули. Телото е поинтелигентно! Наместо да ги поделите работите, пробајте со високоинтензивните интервали на тренинг, вклучувајќи сопствена тежина или еднорачни тегови. Правете сквотови, планкови, скокови. Овие движења се многу функционални, бидејќи оптоваруваат истовремено различни мускулни групи и  го зајакнуваат срцевиот ритам, кој го зголемува согорувањето.

3. Не сите масти се лоши масти

Мастите имаат важна улога за одржување на високите нивоа на двата важни хормони (тестостерон за мажите и естроген за жените). Постојат два вида масти – бела и кафеава. Кафеавата е “добра” бидејќи таа се апсорбира како топлина, додека белата се складира како маст.

Маста е како метаболизмот – треба да се одржува и следи за да се оптимизира. Ако не внесувате масти во даден момент вашето тело нема да знае што да ја обработува, додека се потите и ги зголемувате мускулите и ќе почне да “црпи” резерви од погрешни места.

Просечно човек треба да презема по 0,5 г масти за секој килограм од својата тежина дневно.

4. Бидете постојани

Следевте строго план цела недела? Одлично! Пробјате една година! Тогаш ќе сте на вистинскиот пат за постигнување на целта за која сте сонувале секогаш. Имајте на ум дека требаат месеци, за да започнете да постигнувате видливи резултати.

Не заборавајте дека треба да го најдете точниот внес на калории, кој ќе ви дозволи да губите тежина и да имате сили да тренирате за мускулна маса.

5. Оптимизирајте кардио

Не треба да трчате 40 минути или да вртите тркало толку и повеќе. Повторно најдобра опција за да горите масти и градите мускули е да направите еден 20-минутен кружен тренинг, вклучувајќи спринтови  и склекови.

Слични содржини