Како во Студената војна: Странски агенти во Германија

од desk4

Во Берлин денеска почнува процесот против Виетнамецот Лонг Н.Х. Тој, наводно по налог на виетнамската тајна служба, киднапирал свој сонародник во Берлин.

Geheimdienst Agent - Symbol (Imago/B. Koch)

Случајот ги враќа сеќавањата на Студената војна, има примеси на шпионски трилер. Дуонг Мин Хунг, заменик шеф на виетнамската тајна служба доаѓа лично во Берлин за да координира тим на агенти кои среде бел ден во Берлин киднапираат нивен сонародник. „Сето тоа потекнало од виентамската комунистичка партија – тоа бил шефовски интерес“, вели Петра Шлагенхауф, адвокатка на киднапираниот Виетнамец, Трин Суон Тан.

Клиентот на Шлагенхауф паднал во политичка немилост во Виетнам, па затоа побегнал во Берлин. Во германскиот главен град Трин Суон Тан се чувствувал безбедно. „Мислевме дека Виетнам ќе поднесе барање за екстрадиција. Ако тоа се случеше, мојот клиент ќе се согласеше“, нагласува адвокатката за ДВ. Двајцата не сметале дека е можно да се случи киднапирање во срцето на Европа. Грешка, зашто странските тајни служби и овде се подготвени на сѐ.

Во Берлин се особено активни иранските агенти

Опасноста првично ја потценил и Рајнхолд Робе. Политичарот на СПД бил претседател на германско-израелското друштво кога му станало јасно дека животот му е во опасност. Иранската тајна служба Квадс Форс го следела „нон-стоп“, правела профили, веројатно за да подготви киднапирање или дури и напад врз Робе. Оттогаш Робе од свое лично искуство знае дека странските служби „планираат лоши работи“.

Случајот на киднапираниот Виетнамец, според Робе, е „страшна приказна“, но и „сведоштво за неспособноста“ на германските тајни служби. Службата за заштита на уставот, надлежна за одбрана од шпионажа, би морала да знае дека Трин Суон Тан е „во фокусот на виетнамските тајни служби“. Според Робе, „катастрофално“ е што на германските служби не им успеало да го заштитат Виетнамецот. Робе бара „внимателна обработка“ и подобро опремување на германските служби.

Mutmaßlich aus Berlin entführter Vietnamese vor Gericht (picture-alliance/dpa/D. Tan/VNA)Бизнисменот Трин Суон Тан во Виетнам беше осуден на доживотна казна затвор поради стопански деликти

Многу, многу груби времиња

Надлежен за контрола на тајните служби кај Зелените е Константин фон Ноц. Тој смета дека има проблем со одбраната од шпионажа. Со завршувањето на Студената војна се мислело дека состојбата малку ќе се релаксира. „Тоа воопшто не е случај“, вели тој за ДВ. Откако се појави Едвард Сноуден се знае како тајните служби денес работат во Европа. А, најдоцна со киднапирањето на Трин Суон Тан или нападот со отров во британски Солсбери се покажа дека „времињата се многу, многу груби“.

Повеќе:

– Преку киднапирање, Виетнам ги загрозува односите со Германија

– Шпионирани турски баратели на азил во Германија

– Минхен: Доживотен затвор за хрватски екс-тајни агенти

Ноц смета дека Германија би морало да реагира на акцијата на виетнамската тајна служба со давање „јасен знак“. „Тоа мора да е болно, зашто инаку други би можеле да се почувтствуваат мотивирани да направат нешто слично“. Политичарот на Зелените смета дека германската влада во тој дел „ги нема исцрпено сите можности“. Но, какви можности има владата на Меркел?

Виетнам „знае што треба да се прави“

Портпарол на Министерството за надворешни работи на Германија за ДВ објасни како сега би изгледале односите кои до неодамна беа многу добри. Стратешкото партнерство – замрзнато, контакти на високо ниво – затегнати. Наместо тоа, со виетнамската страна има „прецизни разговори“. „Таа знае што треба да се прави за да се поправи штетата нанесена на билатералните односи“, се вели од Министерството за надворешни работи.

Petra Schlagenhauf, Anwältin der Opfer der Colonia Dignidad (DW/E. Usi) Адвокатката на Трин Суон Тан исто така знае – ослободување на нејзиниот киднапиран и уапсен клиент. На процесот во Берлин таа бара „да биде утврдено каква неправда му е нанесена“. Петра Шлагенхауф знае дека на крајот на нејзиниот клиент може да му помогне само политички притисок. Веќе сега е јасно дека цената за Виетнам е многу висока – на земјата ѝ се заканува да ја загуби Германија како политички и економски важен партнер.

На обвинетиот Виетнамец, Лонг Н.Х., пак, во споредба со тоа му се заканува „само“ затворска казна. Обвинителствто го товари „за учество во операција на виетнамска тајна служба“. Лонг, според обвинението, го набавил и го возел атомобилот со кој е извршено киднапирањето. Тоа значи дека има споредна улога, но обвинението сака да покаже колку за виентамското раководство во летото 2017 година било важно да го тргне виентамскиот граѓанин Трин Суон Тан.

DW.COM

Слични содржини