Грците одлучуваат со референдум дали да ги прифатат или да ги одбијат предлозите на грчките кредитори. Излезот од референдумот не значи излегување на Грција од еврозоната и од ЕУ, но поради грчката криза медиуми и аналитичари почнаа да прават прогнози и сценарија за евентуален “Грекзит”. Италијанскиот весник “Кориере дела сера” покажува во бројки и проценти каква ќе е Европа без Грција.

655-402-grekzit
– Ако Грција излезе од ЕУ, тогаш Унијата ќе изгуби 3,2% од населението и 84% од православните христијани.

– “Грекзит” ќе ја чини ЕУ 1,8% од БДП, но пак БДП по глава на жител во ЕУ ќе се зголеми за 1,5%, а вкупниот долг во ЕУ ќе се намали за 3,4%.

– Грција е на 7-мо место меѓу земјите од еврозоната по трошоци во областа на одбраната. Ако Атина ја напушти ЕУ, тогаш трошоците за одбрана во ЕУ по глава на жител ќе се зголеми за 0,4%.

– Поради “грекзит” производството на маслиново масло во Европа би се намалило за 24,5%.

– Во случај на излегување на Грција од ЕУ, новосклучените бракови во Унијата ќе се намалат за 4,1%, а разводите со – 2%.

– “Грекзит” ќе ја лиши ЕУ од 31,3% од европското крајбрежје. Ова главно се должи на фактот дека ЕУ ќе изгуби 2.000 грчки острови во Егејското Море.

– Генерално излегувањето на Грција од ЕУ ќе доведе до намалување на територијата на Унијата со 4,6%.

– Ако Грција излезе од ЕУ, вкупната височина на Унијата ќе се намали за 157 метри, со оглед на фактот дека грчкиот врв Олимп е висок 2917 метри.

– Но пак заради “грекзит” ЕУ ќе пуши помалку, бидејќи вкупниот број на европските пушачи ќе се намали за 4,8 процентни поени.

Слични содржини