Какво е детето од хороскопски знак Вага?

од Vladimir Zorba

Тие се послушни, но и многу непостојани. И покрај колебливоста, овој знак носи релативно лесно одлуки. Децата Вага – необични на свој начин. Што треба да знаете за нив?
Венера управува со знакот  Вага. Ако вашето дете е родено под овој знак или очекувате да се роди, знајте дека носи во себе топлина, љубов и е исклучително атрактивно. Децата Вага имаат вроден шарм и енергијата ги привлекува погледите кон нив уште од рана детска возраст.

Добро се дружат, рано проговоруваат и имаат буден ум. Имаат многу вештини, па затоа не двоумете се да ги запишете на спорт или на некое креативно училиште уште од рана возраст.
Брзо се учат, можат да запомнат голема количина на информации за разлика од многу свои врсници. За децата во знакот Вага  многу е важна семејната средина. Бидејќи тие се знак на двоумење, ништо не смее да го нарушува нивниот баланс.

Навредливите зборови, споровите помеѓу родителите, насилството ќе ја наруши инаку нивната мирна природа и лесно можат да ги претворат во интроверти.

Опуштањето и игрите се многу важни за малите Ваги. За да го балансираат својот внатрешен мир тие имаат потреба од музика, танцување, од креативни минути, во кои ќе ги покажат своите вештини. Немојте да се изненадите ако вашето дете пројавува уметнички дарби. Забележите ли талент во него, не чекајте, туку направете го потребното за да го развиете.

Кај некои деца Вага се случува да развијат проблеми во однесувањето уште од сосема мали, но во повеќето случаи проблемите кај нив се поврзани со исхраната. Важно е уште од мали да ги научите на култура на хранење.

И не на последно место во лицето на вашето дете Вага ќе сретнете добар комуникатор. Никогаш не му кажувајте дека е премало и дека не разбира. Овозможете му доволно личен простор и се разбира љубов.

Слични содржини