Калајџиев, Најчевска, Арифи, Фрчкоски дел од владиниот совет за реформи во правосудството

од desk2

Универзитетските професори Борче Давитковски, Љубомир Фрчкоски, Гордан Калајџиев, Мирјана Најчевска, Беса Арифи и Мерсим Максути се дел од Советот за реформи во правосудството. Советот е формиран од министерот за правда, Билен Саљили во понеделникот, пренесува А1он, а за порталот информацијата ја потврдила  Најчевска.

 

Дел од советот ќе бидат врховниот судија Фаик Арслани, претседателот на Апелациониот суд Гостивар, Шефајет Хајдари, Бурим Сејдини, претседател на Управниот суд и претседател на Основниот суд Скопје 2, Илир Сулејмани. Дел од тимот ќе бидат Мирјана Лазарова – Трајковска и Маргарита Цаца – Николовска, поранешни судијки на Европскиот суд за човекови права и слободи. Претставник од Уставниот суд е судијата Наташа Габер – Дамјановска.

Советот е дел од програмата на Владата 3-6-9, а го сочинуваат 17 надворешни членови и пет члена од Министерството за правда. Претседател на советот е министерот за правда, а негов заменик е заменикот-министер за правда Оливер Ристовски.

Слични содржини